Како ќе биде по смртта (чешки: Jak bude po smrti) — збирка раскази од чешкиот писател Ладислав Клима. Содржина Во книгата се застапени седум раскази:Ладислав Клима, Како ќе биде по смртта. Скопје: Бегемот, 2013. Патувајќи до градот Д. Стотици, стотици жени Хелена Марна Славната Немезис Вистински настан што се случи во Постморталија Како ќе биде по смртта Чудна случка Изданија на македонски јазик Издание на „Бегемот“ од 2013 година Книгата, издадена во склоп на библиотеката „Арс Магна“, има 151 страница, во мек повез, со обем од 18 сантиметри. Преводот од чешки јазик го направила Маргарета Карајанова, ликовното уредување го извршил Бојан Димитриевиќ, јазичната редакција е дело на Филип Димевски, а компјутерската обработка на текстот е извршена во „Бегемот“. Книгата е каталогизирана во НУБ „Св. Климент Охридски“, Скопје, со меѓународна ознака ISBN 978-608-4718-03-1. Книгата е испечатена во печатницата „Темпора веритас“ од Скопје. Издавањето на книгата било финансиски поддржано од Министерството за култура на Чешка Република.Ладислав Клима, Како ќе биде по смртта. Скопје: Бегемот, 2013. мини|десно|Ладислав Клима Наводи

Категорија:Дела на Ладислав Клима Категорија:Чешки раскази Категорија:Изданија на Бегемот Категорија:Појавено во 2013 година во Македонија