Џастин Гетлин (роден на 10 февруари 1982 г.) е американски атлетичар кој се натпреварува во спринтерските дисциплини. Тој бил олимписки шампион во дисциплината 100 метри од игрите во Атина 2004 и го поседува петтото најбрзо време во историјата на 100 метри од 9.74 секунди.

Во 2001, тој бил суспендиран на две години од атлетиката поради позитивен допинг тест;казната подоцна била намалена на една година. Во 2006, тој добил 4 годишна суспензија од атлетиката повторно поради позитивен допинг тест, со што му бил избришан светскиот рекорд на 100 метри од 9.77 секунди. Гетлин и се вратил на атлетиката во август 2010.

На Летните олимписки игри 2012, Гетлин истрчал време од 9.79 секунди во финалето на трката на 100 метри, со што го освоил бронзениот медал. Во 2014, на митингот од дијамантската лига во Монако, на трката на 200 метри тој истрчал време од 19.68 секунди, време кое било најдобро во сезоната.

Кариера Во есента 2000, Гетлин пристигнал на Универзитетот Тенеси во Ноксвил, како добар средношколски атлетичар на трките на 110 метри со пречки. Додека одел во средно училиште, Џастин бил регрутиран за атлетика од тренерите Винс Андерсон и Бил Веб кои веднаш го забележале неговиот потенцијал и го пренасочиле во спринтерските дисциплини. Под водство на Винс Андерсон, Гетлин шест пати последователно бил студентски шампион. Во есента 2002, Гетлин ги завршил студиите и се префрлил на професионално ниво. Само две години подоцна, тој го освоил златниот медал на Летните олимписки игри 2004, тесно победувајќи ги Френсин Обиквелу и бранителот на титулата Морис Грин. Тој исто така го освоил бронзениот медал на трката на 200 метри, како и сребрениот медал заедно со тимот на САД на штафетната трка на 4 x 100 м.

На Светското првенство 2005 во Хелсинки, на трката на 100 метри, Гетлин бил најголем фаворит за златниот медал откако неговиот најголем конкуент Асафа Пауел не настапил поради повреда. Во финалето тој истрчал време од 9.88 секунди освојувајќи го златниот медал пред Мајкл Фрејтер и Ким Колинс. Покрај златниот медал на 100 метри, Гетлин успеал да го освои и златниот медал на трката на 200 метри, со што станал вториот атлетичар во историјата (по Морис Грин) кој на едно светско првенство стигнал до златните медали во двете спринтерски дисциплини. Подоцна, истото го сториле и Тајсон Геј во Осака 2007 и Јусејн Болт во Берлин 2009.

На 12 мај 2006, Гетлин на митингот од златната лига во Доха, го изедначил светскиот рекорд на 100 метри на Асафа Пауел од 9.77 секунди. Најпрво било објавено дека тој го соборил светскиот рекорд постигнувајќи време од 9.76 секунди со +1.7м/с ветер. Сепак, светската атлетска федерација (IAAF) на 16 мај обелоденила дека времето изнесувало 9.766 секунди, и било заокрушено на 9.77, во согласност со прописите.

Допинг казни Во 2001, Гетлин бил суспендиран од меѓународните натпреварувања на две години откако бил позитивен на амфетаммин. Гетлин поднел жалба со образложение дека тестот бил позитивен поради лек кој тој го користел од детството, кога му било дијагностицирано хиперкинетичко пореметување. По поднесената жалба, светската атлетска федерација ја намалила казната на една година.

На 29 јули 2006, Џастин Гетлин ги известил медиумите дека бил информиран од анти-допинг агенцијата на САД дека тој бил позитивен на допинг тест во април истата година. Тој изјавил:

Се верува дека допинг тестот на Гетлин покажал зголемено ниво на "тестостерон." Допинг тестот бил извршен по штафетна трка на 22 април 2006 во Лоренс, Канзас. "Б" примерокот земен во јули 2006, исто така покажал дека Гетлин е позитивен.

Во тоа време, тренер на Гетлин бил Тревор Грахам. Помеѓу атлетичарите кои Грахам ги тренирал, осум биле позитивни или биле казнети поради користење забранети суптанци. Откако Гетлин паднал на тестот, Грахам во интервју изјавил дека Гетлин бил саботиран. Тој го обвинил масажерот Кристофер Ветстин за нанесување на крема со тестостерон на задникот на Гетлин без негово знаење. Масажерот го отфрлил овие тврдења, изјавувајќи: "Тревор Грагам не зборува во името на Џастин Гетлин и таа приказна за мене не е вистина."

На 22 август 2006, на Гетлин му била изречена осумгодишна забрана од атлетиката, со што избегнал доживотна казна поради неговата соработка со допинг телата, и поради "исклучителните околности" поврзани со неговиот прв допинг тест. Гетлин поднел жалба на изречената казна; и во декември 2007, неговата казна била намалена на 4 години.http://www.telegraph.co.uk/sport/othersports/athletics/7922713/Justin-Gatlin-ends-four-year-drugs-ban-as-US-sprinter-makes-low-key-comeback-in-Estonia.htmlhttp://news.bbc.co.uk/sport2/hi/athletics/7167246.stm Неговото време од 9.77 секунди поставено во мај 2006, било избришано.

Можна фудбалска кариера

Било објавено дека Гетлин планира својата четиригодишна казна од атлетиката да ја отслужи играјќи американски фудбал. На 29 ноември 2006, од ESPN објавиле дека Гетлин тренира со Хјустон Тексанс, и покрај тоа што, тој има мало фудбалско искуство и "и не играл фудбал од 10. одделение".

На 4 мај 2007, од клубот Тампа Беј Баканирс објавиле дека Гетлин е еден од 28. слободни играчи донесени на нивниот камп за дебитанти на пробен договор, и бил сметан за најинтересен спортист присутен на кампот. Тој се пробал на позицијата крило.

Тој не бил успешен иако изјавил дека верува дека ги поседува сите потребни вештини и дека единствената причина поради која не бил избран во тимот е поради тоа што тренерите го гледале како "атлетичар."Olympic medalist Gatlin at Buccaneers minicamp

Враќање

На 3 август 2010, Гетлин се вратил на атлетските патеки по четиригодишната допинг казна и настапил на трки во Естонија и Финска. Тој победил на трка на 100 м во Раквере, со време од 10.24 секунди. На митинг во Талин тој победил со време од 10.17 секунди. Неговиот тренер, Лорен Сигрејв, потврдил дека резултатите се слаби, но неговото завршување на трките останало силно.Gatlin continues comeback with second win. Reuters. Посетено на 2010-08-09.

На 25 јуни 2011, на државното првенство на САД, Гетлин завршил на второто место на трката на 100 метри зад Волтер Дикс со време од 9.95 секунди, време кое било негово најдобро во сезоната, и обезбедил учество на Светското првенство 2011, каде настапот го завршил во полуфиналето. Гетлин се појавил на јапонското тв шоу „Kasupe!“ на 1 ноември 2011, каде со помош на ветар истрчал 100 метри за 9.45 секунди. Ветерот бил пуштен преку голема машина за ветер која дувала со брзина од 25 метри по секунда. Гетлин добил 2 милони јени (приближно 25,000 долари) за учеството во емисијата.Kasupe!. Посетено на 2011-11-1.

Во мај 2012, на митингот од дијамантската лига во Доха, Гетлин истрчал време од 9.87 секунди, победувајќи го Асафа Пауел за една стотинка. На 24 јуни 2012, Гетлин победил на трката на 100 метри на олимпиското изборно натпреварување на САД во Јуџин со најдобро време во кариерата од 9.80 секунди, време кое било најдобро во историјата истрчано од човек над 30 години. На Летните олимписки игри 2012 во Лондон, тој го освоил бронзениот медал и го подобрил своето најдобро време на 9.79 секунди, завршувајќи зад Јусејн Болт, и Јохан Блејк.

На 6 јуни 2013, Гетлин го победил Јусејн Болт за една стотинка и победил на трката на 100 метри на митингот во Рим, Италија. На Светското првенство 2013, Гетлин го освоил сребрениот медал зад зад Болт на трката на 100 метри со време од 9.85 секунди. Победничкото време на Болт изнесувало 9.77 секунди. Гетлин исто така го освоил и сребрениот медал со тимот на САД на штафетната трка на 4x100 м, заостанувајќи зад тимот на Јамајка.

На 5 септември 2014, Гетлин победил на трката на 100 метри на последниот митинг од дијамантската лига во Брисел со најдобро време во кариерата од 9.77 секунди. Тој стигнал до двојна титула на митингот, откако успеал да победи и на трката на 200 метри. Тој остварил втор најдобар резултат во сезоната на 200 метри, зад неговиот резултат од 19.68 секунди поставен на митингот во Монако претходно во сезоната.. Посетено на 2014-9-5. Резултатите на Гетлин му донеле номинација за атлетичар на годината. Другите атлетичари гледале скептично на Гетлин, прашувајќи се дали тој има предност од користењето на забранети супстанци во минатото.Justin Gatlin: Dopers could benefit 'for decades', scientists find, BBC Sport Германскиот шампион во фрлање диск Роберт Хартинг побарал од светската атлетска федерација неговата номинација за атлетичар на годината да биде поништена во знак на протест поради номинацијата на Гетлин.Justin Gatlin: Why US sprinter's success is bad for athletics, BBC Sport

На 15 мај 2015, Гетлин го подобрил своето најдобро време во кариерата на 9.74 секунди (+0.9м/с) на митингот во Доха. Резултатот бил најбрз во светот по времето од 9.69 секунди на Јохан Блејк кој го истрчал во август 2012.http://www.iaaf.org/records/toplists/sprints/100-metres/outdoor/men/senior На 5 јуни 2015, Гетлин го победил Јусејн Болт на трката на 100 метри за една стотинка истрчувајќи време од 9.75 секунди.

На Светското првенство 2015 во Пекинг, Гетлин за една стотинка бил поразен од Болт на трката на 100 метри, истрчувајќи време од 9.79, со што го освоил сребрениот медал. Тој и вторпат бил поразен од Болт на првенството, овојпат на трката на 200 метри. Времето на Болт било 19.55 секунди, а Гетлин завршил втор со време од 19.74 секунди.

Лични рекорди Дисциплина Резултат Место Датум60 м (во сала)6.45 Бостон, САД1 март 2003100 м9.74 Доха, Катар15 мај 2015200 м19.57 Јуџин, САД28 јуни 2015

Наводи

Надворешни врски

Профил на IAAF.org Профил на USA Track & Field Профил на All-Athletics.com

Категорија:Родени во 1982 година Категорија:Живи луѓе Категорија:Спортисти од Њујорк Категорија:Луѓе од Бруклин Категорија:Американски спринтери Категорија:Олимписки златни медалисти за САД Категорија:Олимписки сребрени медалисти за САД Категорија:Олимписки бронзени медалисти за САД