Леонард Жута (роден 9 август 1992 во Гетеборг) - македонско-шведски фудбалер од албанско потекло, играч од одбраната на Шибеник и поранешен македонски репрезентативец.

Технички одлики Најчесто игра на позиција лев бек, но во период додека настапувал за Хекен играл и како централен одбранбен играч во формација со тројца и со четворица дефанзивци.

Клупска кариера На 31 август 2015 година, Жута го напуштил шведскиот клуб Хекен и потпишал тригодишен договор со хрватскиот прволигаш Риека.„Леонард Жута му се придружи на Стефан Ристовски во Риека“, Дневник, година XIX, број 5855, среда, 2 септември, стр. 22. На презентацијата Жута го одбрал дресот со бројот 8., и изјавил: "Клубот ми претстави интересен проект, ми се допаѓа тренинг-кампот и се радувам на оваа епизода".

На 8 јануари 2019, Жута потпишал за турскиот клуб Конијаспор.

Репрезентативна кариера Во јуни 2015 година, со настапот на натрпеварот против Словачка, Жута за првпат заиграл за македонската репрезентација.

Титули Риека Прва ХНЛ : 1 2016-2017 Куп на Хрватска : 1 2016-2017

Наводи

Надворешни врски SvFF profile

Категорија:Родени во 1992 година Категорија:Македонски фудбалери Категорија:Фудбалери на ФК Риека Категорија:Фудбалери на ФК Конијаспор Категорија:Фудбалери на ФК Лече Категорија:Фудбалери на ФК Волеренга