Давиде Астори (роден на во Сан Џовани Бјанко - починал на во Удине) — поранешен италијански фудбалер кој играл на позиција одбрана

Својата младинска фудбалска кариера ја започнал во екипата на Понтисола. Во периодот од 2006 до 2008 година бил член на Милан, за кој не одиграл ниту еден натпревар, за да во 2008 година потпипше за Каљари. За Каљари имал 174 настапи и постигнал три погодоци. Во сезоната 2014-2015 натпаувал како позајмен во екипата на Рома, а во 2015 се преселил во Фјорентина најпрво на заем до крајот на сезоната 2015-2016 а потоа потпишал и перманентен договор.

Астори своето репрезентативно деби за Италија го направил во 2011 и ја претставувал својата земја 14 пати, постигнувајќи еден гол.

Астори починал од срцев удар на 31-годишна возраст, во Удине кога бил пронајден мртов во неговата хотелска соба пред натпреварот на својот клуб против Удинезе, на 4 март 2018 година.

Категорија:Италијански фудбалери Категорија:Фудбалери на Милан Категорија:Фудбалери на Каљари Калчо Категорија:Фудбалери на ФК Рома Категорија:Фудбалери на ФК Фјорентина Категорија:Фудбалери во Серија А