Дафне Схиперс (; родена на 15 јуни 1992 г.) е холандска атлетичарка која се натпреварува во спринтерските дисциплини и во седмобој. На Светското првенство 2015 во Пекинг, таа го освоила златниот медал на трката на 200 метри, притоа поставувајќи нов европски рекорд од 21.63 секунди. Таа исто така e актуелен европски шампион на трките на 100 и 200 метри.

Кариера 2014 На митигот во Гецис, Схиперс завршила на третото место во седмобој зад Катарина Џонсон-Томпсон и Бријен Тајсен-Итон, остварувајќи сопствен најдобар резултат и рекорд на Холандија од 6545 бода. Следно, на Европското екипно првенство кое се одржало во Брауншвајг, Германија, таа била првопласирана на трката на 200 метри и помогнала холандскиот штафетен тим да победи на трката на 4 × 100 метри. На 26 јули, на државното првенство на Холандија, Схиперс поставила нов сопствен и државен рекорд во дисциплината скок во далечина од 6,78 метри.

Во јули 2014, на митингот во Глазгов, Схиперс поставила нов рекорд на Холандија на трката на 100 метри од 11.03 секунди, соборувајќи го рекордот од 11.08 секунди на Нели Куман поставен во 1986 година. На истиот митинг, таа победила и на трката на 200 метри, поставувајќи нов државен рекорд од 22.34 секунди. .

На Европското првенство 2014 во Цирих, Схиперс ги освоила златните медали во двете спринтерски дисциплини. На 13 август, таа победила на трката на 100 метри со време од 11.12 секунди истрчувајќи на целта пред Мирјам Сумаре и Ешли Нелсон. Два дена подоцна, на 15 август, таа го освоила и златниот медал на трката на 200 метри со време од 22.03 секунди, поставувајќи најдобро време во сезоната кое воедно било и нов холандски државен рекорд на оваа делница. Поради одличните резултати во сезоната, Схиперс на крајот на годината била прогласена за европска атлетичарка на годината од страна на Европската атлетска асоцијација, пред Анита Влодарчик и Рут Беитија..

2015

На 24 мај, Схиперс настапила на митингот во Хенгело, Холандија, на трката на 100 метри. Таа победила на трката остварувајќи сопствен најдобар резултат од 10.94 секунди, со што станала првата холандска спринтерка која истрчала време под границата од 11 секунди. На 25 јули, на митигот од дијамантската лига во Лондон, таа го подобрила времето на 10.92 секунди.

На Светското првенство 2015 во Пекинг, таа двапати последователно го подобрувала сопствениот рекорд и холандскиот рекорд на 100 метри. Таа најпрво во полуфиналето истрчала време од 10.83 секунди, а следниот ден во финалето, делницата од 100 метри ја истрчала за 10.81 секунди, со што го освоила сребрениот медал зад Шели-Ен Фрејзер-Прајс и ѝ го донела на Холандија првиот медал од Светските првенства на 100 метри.

На трката на 200 метри, таа го освоила златниот медал поставувајќи нов европски рекорд и рекорд на првенствата од 21.63 секунди, резултат кој е трет најдобар во историјата на оваа делница. Лични рекорди Дисциплина Резултат Место Датум60 метри7.05 Прага, Чешка8 март 2015100 метри 10.81 (ДР) Пекинг, Кина24 август 2015200 метри21.63 (РП, ЕР) Пекинг, Кина28 август 2015800 метри2:08.59 Гецис, Австрија1 јуни 2014100 метри со пречки13.13 Гецис, Австрија31 мај 2014Скок во височина 1,80 метри Лондон, Обединето Кралство3 август 2012Скок во далечина 6,78 метри (ДР) Амстердам, Холандија26 јули 2014Фрлање ѓуле14.66 метри Гецис, Австрија30 мај 2015Фрлање копје42.82 метри Хорн, Холандија17 мај 2014Седмобој6545 бода (ДР) Гецис, Австрија1 јуни 2014

Наводи

Надворешни врски

Официјално мрежно место Профил на IAAF.org

Категорија:Родени во 1992 година Категорија:Живи луѓе Категорија:Холандски спринтери Категорија:Холандски седмобојки Категорија:Луѓе од Утрехт