Сен Мало (француски: Saint-Malo, бретонски: Sant-Maloù, гало: Saent-Malô) е пристаништен град во Бретања на северозапад на Франција на брегот на Ла Манш. Градот, опкружен со ѕидини, денес е туристичко одредиште со многу стари привлечни градби.
Население Заедно со предградијата, градот брои околу 153.000 жители, а во летната туристичка сезона достигнува и 200.000 жители.
Жителите на Сен Мало се нарекуваат малуанци (француски: malouins).
Историја Old map of Saint-Malo|мини|лево|Стара мапа на Сен Мало
За време на средниот век Сен Мало бил утврден остров на устието на реката Ренс и го контролирал не само сливот на реката, туку и отвореното море. Утврдувањето Алет, јужно од модерниот центар, го контролирало пристапот на Ренс од римско време, но модерниот Сен Мало ги влече своите корени од монашката населба основана од Сен Арон и Сен Брендан во почетокот на шестиот век. Името го добил според некој следбеник на Брендан, Сен Мало или Маклу.
Градот имал традиција за обезбедување на својата автономија во преговорите со француските власти и дури и со локалните бретонски власти. Од 1590 до 1594 година, Сен Мало се прогласил за независна република, и негово мото било „не француска, не бретонска, туку малуанска“.S. and J. Beaulieu, Saint-Malo et l'histoire, p 10 to 32
Сен Мало станал злогласен како дом на гусарите. Во XIX век, оваа „практична“ злогласност е портретирана во драмата на Жан Ришпен „Гусар“. Пиратите од Сен Мало не само што ги присилувале англиските бродови да плаќаат за поминување, туку носеле и богатство од подалеку. Жак Картје кој пловел по реката Сент Лоренс, влегол во Квебек Сити и во Монтреал, и со тоа се вброил во откривачите на Канада, живеел во Сен Мало. Фолкландските Острови на француски јазик се нарекуваат Ил Малуин (Малуански Острови) и веројатно оттаму доаѓа и шпанскиот назив Малвински Острови. Во 1758 година Британците го освоиле соседниот град Сен Серван и уништиле 30 бродови пред да заминат.
За време на Втората светска војна, за време на борбите во втората половина на септември и почетокот на септември 1944 година, историскиот град Сен Мало бил скоро целосно уништен од бомбардирањето на Сојузниците..http://www.angelfire.com/va2/worldwar2family/rolland2.html Сен Мало бил обновен во 12-годишниот период од 1948 до 1960 година.
Храна Сен Мало има една од највисоките концентрации на ресторани во Европа. Познат е по своите остриги од соседниот град Канкал.
thumb|centre|700п|Поглед на утврдениот град од југозапад thumb|center|1000п|Панорамски поглед од островот Гран Бе за време на осека
Галерија
Поврзано Мон Сен Мишел
Наводи
INSEE Mayors of Ille-et-Vilaine Association
Надворешни врски
Мрежно место на општината Сен Мало
Категорија:Француски градови Категорија:Француски пристаништа на Атлантскиот брег Категорија:Потпрефектури во Франција Категорија:Општини во Ил и Вилен