Собор на сите македонски Светители — голем македонски христијански празник, на кој се слави споменот на сите македонски светители. Иако тие си имаат и свои посебни празници, (по еден или повеќе), овој ден е одреден за заедничко сеќавање на сите македонски светители кои во изминатите два милениума на најразлични начини придонеле за афирмацијата на христијанството на овие простори, но и многу пошироко. Се слави првата недела во октомври, односно 18 недели по Педесетницата.Православен календар

Житие

Овој ден е воведен за славење на сите Македонските светители кои се подвизувале на ист начин како и другите од христијанскиот свет. Со македонско потекло постојат некаде над 40 светци. Во Македонија, соборната црква во Битола која се гради и е најголема на Балканот се вика Црква „Собор на сите македонски Светители“. Исто и црквата во Тетово која треба да се изгради во новиот дел на градот го носо името на овој празник. Црквата во Лозана, Швајцарија исто е наречена Црква „Собор на сите македонски Светители“, како и таа во Окленд, Нов Зеланд.

Наводи

Надворешни врски Собор на сите македонски светители - Заеднички празник на сите Македонски светители Македонците имаат голема улога во ширењето на Христовата вера

Категорија:Христијански празници Категорија:Македонски празници