Утхерн () — мал германски остров во близина на Зилт во округот Северна Фризија и со тоа најсеверен остров веднаш зад Зилт. Припаѓа на општината Лист.
Географија
Островот се наоѓа во т.н. „Кенигсхафен“ (Кралско пристаниште), залив на источниот брег на Зилт, кој е свртен кон плитките плимни рамнини на Ваденското Море. Утхерн се наоѓа северно од Лист, неколку километри од полуостровот „Елбоген“ (Ellbogen) на Зилт, што всушност е најсеверен дел на Германија.
Утхерн е скоро 800 метри долг и до 240 метри широк, неговата област зафаќа околу 13 ха. Островот е релативно млад, откако се развил од песочен брег, кој поради насоката на ветерот од Зилт пораснал до височина од околу 4,10 метри над морето и не е повеќе потопуван во текот на високата плима. Се верува дека растот на Утхерн ќе продолжи и во иднина.
На островот главно се сретнува трева која расте на дините.
Заштита
Утхерн се наоѓа само неколку метри оддалечен од брегот на Зилт и до него може да се стигне пешки преку плиткото море. Но, бидејќи обезбедува место за одмор и гнездење на ретки и загрозени морски птици и се наоѓа во рамките на Националниот парк Шлезвигхолштајнско Ваденско Море, до него може да се дојде само со специјална дозвола.
Наводи
Категорија:Севернофризиски Острови Категорија:Острови во Шлезвиг-Холштајн