Светлана Александровна Алексиевич (; ; ; р. 31 мај 1948) — белоруска новинарка и писателка која твори на руски јазик. Во 2014 година била номиниранаBlissett, Chelly. "Author Svetlana Aleksievich nominated for 2014 Nobel Prize ". Yekaterinburg News. January 28, 2014. Retrieved January 28, 2014., а во 2015 година добитник е на Нобеловата награда за литература.Нова Македонија: Светлана Алексиевич ја доби Нобеловата награда за литература

Животопис Родена е во Украина во градот Станислав (од 1962 година Ивано-Франковск) од татко Белорусин и мајка Украинка. По завршување на училиштето, таа работела како репортер во повеќе локални весници и потоа како кореспондент на литературниот магазин Неман во Минск.Кратка биографија на Светлана Алексиевич (руски) , од Who is who in Belarus Таа прави новинарска кариера и пишува проза од интервјуата со сведоците на најдраматичните настани во земјата, како Втората светска војна, Советско-авганистанската војна, Падот на Советскиот Сојуз и катастрофата во Чернобил. По прогонот од страна на режимот на ЛукашенкоБиографија на Алексиевич на мрежното место на Ланан фондацијата, таа ја напушта Белорусија во 2000 година. Бегалската мрежа на меѓународни градови ѝ понудила прибежиште и во текот на следната декада таа последователно живее во Париз, Гетеборг и Берлин. Во 2011 година, Алексиевич се враќа во Минск.

Литературно дело Книгите на Светлана Алексиевич се опишувани како хроника на емоционалната историја на советскиот и постсоветскиот човек. Најпознати нејзини дела се: Војната нема женско лице, Минск, 1985 Последните сведоци, Минск, 1985 Цинкови момци, 1989 Маѓепсани од смртта, 1993 Чернобилска молитва, 1997 Последните сведоци: сто недетски раскази, 2004 Време на „од втора рака“, 2013

Награди Нобелова награда за литература за 2015 година Награда на мирот од германските книжари за 2013 година Награда Медичи за 2013 година

Наводи

Надворешни врски

Официјално мрежно место на Светлана Алексиевич Извадоци од книгата Војната нема женско лице

Svetlana Alexievich , fan website. "A Conversation with Svetlana Alexievich", from The Center for Book Culture. 'Voices of Chernobyl': Survivors' Stories, from National Public Radio, 21 April 2006. A conspiracy of ignorance and obedience, an article about her in Telegraph Magazine

Категорија:Белоруски писатели Категорија:Добитници на Нобеловата награда за литература Категорија:Белоруски нобеловци Категорија:Луѓе од Ивано-Франковск Категорија:Родени во 1948 година Категорија:Украински нобеловци Категорија:Носители на орденот „Знак на Честа“ Категорија:Добитници на наградата на Ленинскиот комсомол Категорија:Носители на Заповедничкиот крст на Орденот за заслуги за СР Германија Категорија:Живи луѓе