Начините на аренска супституција се дел од МСЧПХ номенклатурата во органската хемија и ја дефинираат положбата на супституентите на ароматичниот јаглеводород, кои се различни од водород, во однос на едни со други.
Орто, мета, и пара супституција thumb|150px|left|Главни начини на аренска супституција. При орто-супституција, двата супституенти заземаат положба еден до друг, при што можат да бидат нумерирани со 1 и 2. На дијаграмот овие положби се означени со R и орто. При мета-супституција супституентите заземаат положби 1 и 3 (на дијаграмот претставени со R и мета). При пара-супституција супституентите се наоѓаат на спротивни краеви (положби 1 и 4, што одговараат на R и пара на дијаграмот).
Примери Примери за употребата на оваа номенклатура се дадени за изомерите на крезолот:
Катехолот има два изомери, мета изомерот резорцинол и пара изомерот хидрохинон:
Категорија:Ароматични соединенија Категорија:Хемиска номенклатура