Петар Андоновски — македонски писател.
Животопис Петар Андоновски е роден на 27 јануари 1987 година во Куманово. Тој дипломирал на Катедрата за општа и компаративна книжевност на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. За романот „Телото во кое треба да се живее“, тој ја добил наградата Роман на годината на Утрински весник за 2015 година. За романот „Страв од варвари“ тој ја добил Европската награда за литература за 2020 година. Андоновски преведува од грчки јазик.
Творештво
Андоновски дебитирал на книжевната сцена со делото „Очи со боја на чевли“ со кое влегол во најтесниот избор за наградата „Роман на годината“ на Утрински весник.Лектира.мк http://lektira.mk/avtor/petar-andonovski/ Во 2015 година, во издание на „Или-или“ излегло неговото второ дело, романот „Телото во кое треба да се живее: токсични цветови на деликатниот морал“.Роберт Алаѓозовски, „Надежни, а неподдржани“, Економија и бизнис, година 18, број 207, 11 септември 2015, стр. 101-103. За овој роман Андоновски ја добил наградата „Роман на годината“ на Утрински весник за 2015 година.
Дела
Ментален простор (2008, поезија), Очи со боја на чевли (2013, роман), Телото во кое треба да се живее (2015, роман), Страв од варвари (2018, роман), Лето во кое те нема (2020, роман). Не кажувам (2023, роман).
Награди
Роман на годината за романот Телото во кое треба да се живее 2015 годинаhttps://kanal5.com.mk/petar-andonovski-dobitnik-na-nagradata-roman-na-godinata/a256893; Европската награда за литература за романот Страв од варвари, 2020https://www.slobodnaevropa.mk/a/30620632.html.
Наводи
Категорија:Родени во 1987 година Категорија:Луѓе од Куманово Категорија:Македонски романописци Категорија:Македонски преведувачи Категорија:Членови на ДПМ Категорија:Апсолвенти на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ - Скопје