Емили Оливија Лора Блант (родена на 23 февруари 1983 г.) — англиска глумица.

Таа играла во филмовите: Ѓаволот носи Прада (2006), Младата Викторија (2009), Агенти на судбината (2011), Лупер (2012), На работ на иднината (2014), Во шумата (2014) и Сикарио (2015). Таа пет пати била номинирана за Златен глобус, четири пати за наградата на националната асоцијација на критичари и еднаш за наградата БАФТА. Таа добила Златен глобус за најдобра глумица во споредна улога за нејзината изведба во телевизискиот филм Ќерката на Гидеон (2007). Во 2009 година, таа ја добила БАФТА Британија наградата за најдобра британска глумица на годината.

Ран живот Блант е родена во Лондон, Англија, како второ дете во семејството на Џенис, учителка и поранешна глумица, и баристерот Оливер Симон Питер Блант. Таа има две сестри, Фелисити и Сузана и брат Себстијан. Нејзиниот дедо, Питер Блант бил офицер во британската армија, а нејзиниот чичко Криспин Блант е политичар и пратеник во британскиот парламент.

Од 7 до 14-годишна возраст, Блант имала проблем со пелтечење. Нејзина учителка и помогнала да го надмине пелтечењето преку глума. Таа е член на одборот на директори на американскиот институт за пелтечење. Блант се школувала во училиштто „Ibstock Place“ и на 16-годишна возраст се запишала во приватниот колеџ за уметности „Hurtwood House“. Таму, таа била откриена од агент.

Личен живот

Блант била во тригодишна врска со канадскиот пејач Мајкл Бубле. Тие се запознале во 2005 година зад сцената на доделувањето на наградите Логи во Мелбурн. Тие живееле заедно во Ванкувер, Канада, но ја прекинале врската во 2008 година.

Во ноември 2008 година, Блант започнала врска со американскиот глумец Џон Красински. Блант и Красински се вериле во август 2009, и се венчале на 10 јули 2010 година во Комо, Италија. На 16 февруари 2014, тие ја добиле ќерката Хејзел.

Нејзиниот брат, Себастијан, исто така е глумец, а нејзината сестра Фелисити, која е книжевен агент е омажена за глумецот Стенли Тучи, кој играл заедно со Емили во Ѓаволот носи Прада. Емили била таа која ги запознала двајцата.

Во август 2015 година, таа добила американско државјанство.

Филмографија Филм Година Наслов Улога Белешки2004Моето љубовно летоТамсин2006Ѓаволот носи ПрадаЕмили Чарлтон2006НеодоливаМара2007Ладен ветерДевојка2007Клуб на обожаватели на Џејн ОстинПруди2007Девојката на мојот братРути Дрејпер2007Војната на Чарли ВилсонЏејн Лидл2008Големиот Бак ХауардВалери Бренан2008Весело чистењеНора Ларковски2009Младата ВикторијаКралица Викторија2009ЉубопитностЕмаКраткометражен филм2010Човекот волкГвен Конлиф2010Дива метаРоуз2010Гуливеровите патувањаПринцеза Мери2011Гномео и ЈулијаЈулија (глас)2011Агенти на судбинатаЕлиз Селас2011Ловење лососи во ЈеменХаријет Четвуд-Талбот2011Сестра на твојата сестраАјрис2011МапетсГ-ца Пигикратко појавување2012Петтогодишна вердибаВајолет Барнс2012ЛуперСара2012Артур ЊуманМихаела/Шарлот Фицџералд2013 Ветрот се засилуваНаоко Сатоми (глас)Англиска синхронизација2014На работ на иднинатаРита Вратаски2014 Во шуматаЖена на пекарот2015 СикариоКејт Мејси2016 Животински крекериЗои Хантингтон (глас) Пост продукција2016 Ловецот Фреја Пост продукција

Телевизија Година Наслов Улога Белешки2003БудикаИзолдаТВ филм2003Војната на ФојлЛуси МаркамЕпизода: „War Game“2003Хенри VIIIКатерина ХауардТВ филм2004ПоароЛинет РиџвејЕпизода: „Death on the Nile“2005ИмперијаКемен6 епизоди2005Чудниот случај на Шерлок Холмс и Артур Конан ДојлЏин ЛекиТВ филм2006Ќерката на ГидеонНаташаТВ филм2009СимпсоновиЏулијет Хобс (глас)Епизода: „Lisa the Drama Queen“

Театарски претстави Година Наслов Улога2000БлаженствоМеди2001–2002Кралско семејствоГвен2002Винсент во БрикстонЈуџени Лојер2002Ромео и ЈулијаЈулија

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Родени во 1983 година Категорија:Живи луѓе Категорија:Луѓе од Лондон Категорија:Американски глумици Категорија:Англиски глумици Категорија:Добитници на Златен глобус