Свети Никола — македонска православна црква во тетовското село Одри. Се наоѓа лево од Одранска Река, веднаш над селото. Во минатото на тоа место постоела црква посветена на св. Димитриј, која била разрушена. Селаните во 1883 година ја изѕидале денешната која ја посветила на Св. Никола, а во дворот останал бигорен камен кој бил посетуван за Митровден. Денес тука има подигнато црквичка посветена на Свети Димитриј . Наводи
Поврзано Црква „Св. Димитриј“ - другата селска црква; Одри; Вратничка парохија;
Одри Категорија:Одри