Macedonian Bike Riders (се чита: Маседонијан Бајк Рајдерс) — аматерска велосипедска група од Скопје, Македонија, основана во 2014 година. Групата вози во околината на Скопје, како и целодневни тури и до подалечните краеви во Македонија. Воедно, групата на своите возења собира средства кои ги донира во хуманитарни цели, а исто така и некои од турите биле целосно хуманитарни. Неформално е предводена од Горан Богоевски.
Досега, групата има извозени 65 подолги тури, кои најчесто биле возени во недела низ различни места во Македонија, главно почнувајќи ги од Скопје. Претставува една од неколкуте групи и поединци во Македонија кои се дел од велосипедскиот туринг.
Во текот на 2015 година, групата започнала да вози и ноќни тури до поблиските места во Скопје, најчесто одржувани во денот среда.
Историја Целодневни тури
Својата прва тура, групата ја извозела на 15 ноември 2014 година (сабота) до селото Седларево. Оттогаш, скоро секоја недела, групата вози до најразлични места во Македонија, започнувајќи од пред платото на Универзална сала во Скопје.
Тура 1
Првата организирана тура на групата била одржана на 15 ноември 2014 година (сабота) до тетовското село Седларево, Општина Желино, до кое води асфалтен пат, кој се двои од стариот пат Скопје — Тетово по месноста Карпалак. Вкупната должина на турата изнесувала 98 километри, а самото искачување до селото околу 15 километри, стигнувајќи до надморска височина од 1.390 метри. Турата водела до самото село Седларево, а подоцна се продолжило по земјен пат над селото во должина од околу девет километри.
Фотографии од турата
Тура 2
Втората тура на групата вклучувала искачување до познатата мегалитската опсерваторија Кокино, близу истоименото село со вкупна должина од 139 километри и искачување од околу 17 километри, стигнувајќи до познатиот Татиќев Камен на Кокино, претходно застанувајќи во самото село. Турата се одржала на 22 ноември 2014 година.
Фотографии од турата
Тура 3
Следната тура била изведена до селото Кучково, во близината на Скопје, на пократко растојание за разлика од првите две. Оваа и наредните тури на групата биле со скратено растојание поради влошување на временските услови и студеното време. Третата тура била одржана на 29 ноември 2014 година во вкупна должина од 35 километри. Било возено по асфалтниот пат до селото, а подоцна до осветлениот крст поставен над селото до кој води макадам.
Фотографии од турата
Тура 4
Уште една пократка тура, во близина на Скопје, односно на планината Водно. Била одржана на 14 декември 2014 година во вкупна должина од 30 километри. Воедно оваа тура била и последна целодневна тура изведена од страна на групата за 2014 година.
Фотографии од турата
Тура 5
Првата тура за 2015 година била одржана на 8 февруари 2015 година до скопското село Раштак, возејќи на растојание од 50 километри. До селото води асфалтен пат. Турата опфаќала возење до селото Раштак, а подоцна долж течението на Раштанска Река во должина од околу еден километар.
Фотографии од турата
Тура 6
Втората тура за 2015 година била повторно одржана во близината на Скопје, односно до кањонот Матка во вкупна должина од 32 километри. Во текот на 2015 година, кањонот Матка ќе стане едно од четирите места до кои ќе се изведуваат ноќните тури на групата.
Фотографии од турата
Тура 7
Седмата тура на групата повторно била кратка и била одржана до селото Кучково, во вкупна должина како и претходната, односно 35 километри. Ова било вторпат групата да вози целодневна тура до крстот над селото, кој подоцна ќе стане едно од местата за ноќните тури на групата.
Фотографии од турата
Тура 8
Со подобрување на временските услови, групата започнала со тури на подолги растојанија. Така, на 1 март 2015 година, групата за првпат се упатила кон Велешкото Езеро, возејќи вкупно 100 километри. Турата била возена преку стариот пат Скопје — Велес, кој се движи помеѓу двата дела на новиот автопат.
Фотографии од турата
Тура 9
Следната тура на 15 март 2015 година била возена до тетовското село Беловиште, во вкупна должина од 120 километри. Турата била најдолга за 2015 година од извозените и втора по должина од дотогаш извозените на групата. Турата завршила во месноста Петачко Водиче сместено на околу еден километар над селото.
Фотографии од турата
Тура 10
Десеттата тура на групата била друмска и се одржала до видиковецот сместен над вештачкото езеро Козјак. До езерото води асфалтен пат со исклучување од населбата Драчево и турата била во вкупна должина од 80 километри. Се одржала на 21 март 2015 година.
Фотографии од турата
Тура 11
Турата со број 11 на групата била планирана да се изведе до врвот Рамно (1.653 м.), но сепак поради лошите временски услови и снежните наноси на патот, турата била скратена и наместо првично планираните 70 километри, биле извозени само 58 километри. Била одржана на 28 март 2015 година. Воедно, познатата „хумка“ била за првпат донесена на оваа тура.
Фотографии од турата
Тура 12
Следната тура повторно била во тетовскиот крај со посета на познатиот Лешочки манастир, за време на вториот ден на Велигден. Била одржана на 13 април 2015 година во вкупна должина на 95 километри.
Фотографии од турата
Тура 13
Тринаесетта тура на групата била планинска, при што било возено до Кадина Река, во подножјето на планината Китка. Била изведена на 19 април 2015 година во вкупна должина од 80 километри. Иако планинска тура, сепак вклучувала само четири километри земјен пат, а останатиот дел бил асфалтен.
Фотографии од турата
Тура 14
Четиринаесеттата тура на групата била повторно планинска возејќи до Маркова Река, во месноста Долен Габер. Самата рута на трката се движела преку Пантелејмон — Средно Водно — Маркови Кули — Сопиште — Горно Соње — Долно Соње — Говрлево — Осинчани — Мелчиште — Маркова Река, со наизменично движење на земја и на асфалт. Вкупната должина на турата била 72 километри и била одржана на 25 април 2015 година.
Фотографии од турата
Тура 15
Турата со број 15 ја однела групата по првпат надвор од границите на Македонија, односно со соседната држава Србија. Групата на оваа тура се упатила кон манастирот „Св. Прохор Пчински“, возејќи друмска тура по асфалтни регионални патишта преку Куманово и Старо Нагоричане и минувајќи низ граничниот премин „Прохор Пчински“, при што извозела вкупно 145 километри. Оваа тура се одржала на 3 мај 2015 година.
Фотографии од турата
Тура 16
Шеснаесеттата тура била возена на 10 мај 2015 година до планинарскиот дом „Караџица“, сместен на истоимената планина. Вкупната должина на турата изнесувала 103 километри. Турата пред сè, се возела по земјен пат, па така самиот асфалт завршува некаде после селото Горно Количани. Последниот дел на турата се возел во богат шумски предел, каде постои земјен шумски пат до самиот дом, но и понатаму кон Бегово Поле и Солунска Глава.
Фотографии од турата
Тура 17
Една недела подоцна, на 17 мај 2015 година, групата по вторпат за 2015 година се упатила кон езерото Младост, близу Велес. Вкупната должина на турата изнесувала 100 километри. Возењето се одвивало преку скопските села Таор и Катланово, а подоцна по стариот пат Скопје — Велес, по кој групата и се вратила.
Фотографии од турата
Тура 18
Осумнаесеттата тура на групата се одржала на 23 мај 2015 година, возејќи кон месноста Долен Габер, во непосредна близина на Марков Манастир. До Долен Габер се стигнува преку земјен пат во должина од 2 километри од самиот манастир, долж течението на Маркова Река. Турата била во вкупна должина од 50 километри.
Фотографии од турата
Тура 19
Како поддршка на втората хуманитарна велосипедска трка во организација на СОС Детско село Македонија, групата 31 мај 2015 година возела заедно со членовите на трката до граничниот премин Блаце на македонско-косовската граница. Потоа, групата се упатила кон планината Скопска Црна Гора. Трката имала вкупна должина од 53 километри.
Фотографии од турата
Тура 20
На 7 јуни 2015 година групата се упатила кон освојување на областа околу градот Свети Николе. Турата била предвидена да биде од мешовит вид, односно планинско-друмска. Најпрвин се одело преку селото Дивље и познатиот средновековен Ѓуришки манастир на Градиштанска Планина. Планираниот одмор на групата бил предвиден во самиот град Свети Николе. Вкупното поминато растојание на турата изнесувало 120 километри.
Фотографии од турата
Тура 21
Прва организира тура со автобус на групата со почетна точка од некое друго место, освен Скопје. Групата на 14 јуни 2015 година се упатила кон градот Крушево, од каде што било планирано да тргнат да возат на растојание од 46 километри. Турата опфатила посета на гробовите на Тоше Проески и на Питу Гули, посета на споменикот Македониум, манастирот „Св. Преображение“, селото Горно Дивјаци, каде групата го имала и својот ручек.
Фотографии од турата
Тура 22
Турата со број 22 се одржала на 28 јуни 2015 година и групата по вторпат се упатила кон месноста Долен Габер, на самиот брег на Маркова Река, оддалечено околу 2 километри од самиот Марков манастир. Вкупното растојание кое било поминато изнесувало 50 километри.
Фотографии од турата
Тура 23
Како и минатата тура, групата повторно се упатила кон посетено место, односно возела до тетовското село Беловиште. Покрај посетата на самото село, групата се упатила и кон месноста Петочко Водиче, над самото село, каде се наоѓа новоизградената црква „Св. Петка“. Турата се возела на 5 јули 2015 година со вкупно поминати 120 километри.
Фотографии од турата
Тура 24
На 12 јули 2015 година групата се упатила кон посета на планинарскиот дом „Китка“, сместен на истоимената планина. Вкупната должина на турата изнесувала 90 километри. До домот води земјен пат кој започнува нешто после селото Црвена Вода, а самиот дом е сместен во длабока шума на падините на планината.
Фотографии од турата
Тура 25
Дваесет и петтата рута се возела до кањонот Матка до самиот манастир „Св. Андреја“ во вкупна должина од 50 километри. Рутата водела преку Средно Водно, а подоцна кон патот за манастирот „Св. Пантелејмон“ во селото Горно Нерези. Подоцна се продолжило кон Долно Нерези и селата Крушопек, Лака и Шишево и преку селото Глумово се стигнало до конечното одредиште. Турата била извозена на 19 јули.
Фотографии од турата
Тура 26
На 26 јули 2015 година групата се упатила кон Катланово со завршница во базенот АБЦ, којшто се наоѓа во непосредна близина. Се возела главно по рамен терен преку Маџари-Трубарево-Јурумлери-Идризово-Петровец. Турата била пократка поради топлото време и опфатила вкупна должина од 62 километри.
Фотографии од турата
Тура 27
По вторпат групата се упатила надвор од Скопје, организирано патувајќи со автобус до градот Охрид, со цел возење околу целото Охридско Езеро. Тргнувањето било рано наутро во саботата на 1 август 2015 година, додека самиот почеток на возењето околу езерото започнал во 10:00 часот од Билјанини Извори. Потоа групата се упатила кон градот Струга и кон граничниот премин Ќафасан. Воедно, оваа тура претставува и втора тура во која групата излегла од границите на земјата, притоа посетувајќи ја Албанија. Во Албанија, групата направила пауза и краток одмор во градот Подградец, по што преку преминот „Св. Наум“ се вратила во Македонија. Групата се вратила во Скопје во доцните вечерни часови, притоа извозувајќи 94 километри во текот на денот.
Фотографии од турата
Тура 28
Една недела подоцна, турата возела друмска тура до самиот Лешочки манастир, кого го посетила по вторпат во текот на годината. Групата возела преку стариот пат за Тетово кон манастирот, а на враќање се враќала преку патот Теарце-Радуша-Кондово. Турата била извозена на 9 август во вкупна должина од 92 километри.
Фотографии од турата
Тура 29