мини|250п| Структурата на Сонцето, ѕвезда од типот G: 1. Јадро 2. Зрачен слој 3. Струевит слој 4. Фотосфера 5. Хромосфера6. Корона 7. Сончеви дамки 8. Гранули 9. Протубернанса X. Сончев ветер
Фотосфера — надворешната обвивка на Сонцето (или на друга ѕвезда) од која тоа зрачи светлина. Станува збор за првиот сончев слој кој се наоѓа на висина од 200 до 300 км и од оттука произлегува светлина која ја оддава Сонцето. Фотосферата е непроѕирна и поради тоа не можат да се забележат внатрешните слоеви на Сонцето.Grupa autora, Mala enciklopedija Prosveta, Beograd, 1968
Ѕвездите како гасовити тела немаат јасно утврдена површина. Зрачењетo се оддава од различни висини на сончевата атмосфера во зависност од брановата должина на тоа зрачење. Фотосферата ја дефинираме како слој од кој се оддаваат снопови на фотони, чие присуство може да се утврди со инструмненти на Земјата, а воедно постојат различни видови на зрачења (различни бранови должини) кои делуваат во облик на инфрацрвена светлина, радиобранови, итн.„Solar Photosphere“. U Encyclopedia of Astronomy & Astrophysics, Nature Publishing Group, 2001
На фотосферата можат да се забележат дамки, факли и зрнеста структура на површината составена од гранули (со пречник поголем од стотина километри) која е во постојано движење (на површината избиваат поладни маси, а понираат потопли). Температурата се движи од во длабоките слоеви до во повисоките делови. По состав, фотосферата содржи преку 99% водород и хелиум.
Делотворна температура
Температурата на површината на Сонцето се дефинира според делотворната температура во Штефан-Болцмановиот закон. Сончевата фотосфера има температура помеѓу 4.500 и 6.000 келвиниThe Sun - Introduction (делотворната температура е 5.777 келвини) и густина околу 0,0002 кг/м3. "SP-402 A New Sun: The Solar Results From Skylab" Во надворешните слоеви на сончевото јадро се јавува струење кое овозможува пренос на енергија при мешањето на гасовите. Жешките гасовити маси се креваат кон површината на Сонцето, односно кон фотосферата, во која тие постепено се ладат и оддаваат зрачење. Изладените и згуснати маси се враќаат назад во подлабоките слоеви на Сонцето. Овие гасовити маси уште се нарекуваат и струевити ќелии или гранули. Тие можат да бидат со различна големина. Според тоа, се делат на гранулации и супергранулации. Гранулациите и даваат зрнест изглед на фотосферата. Тие се со големина од 1000 км и траат околу 8 минути. Големината на супергранулациите е 30.000 км и тие траат околу 24 часа. Помеѓу гранулите се забележуваат светли дамки и факули.
Останати слоеви Над фотосферата се наоѓа хромосферата, која е на растојание од околу 2000 км (и може да се забележи само со филтри), а над неа се наоѓа короната која е со помала густина и температура над 1.000.000 келвини.
Поврзано Ѕвездена атмосфера Температура
Наводи
Надворешни врски Анимирано објаснување за фотосферата — Универзитет на Јужен Велс Фотосферата на Сонцето — Енциклопедија на Сонцето
Категорија:Ѕвездена астрономија Категорија:Сонце Категорија:Извори на светлина