Добри Лаки () — село во Каршијак, Пиринска Македонија, денес во Општина Струмјани на Благоевградската област, југозападна Бугарија. Сместено е недалеку од границата со Република Македонија, односно Општина Берово.
Географија Селото е сместено во планинско подрачје, во подножјето на Малешевските Планини, во историско-географската област Каршијак. Ова мало и китно селце располага со богата природа. Низ него тече реката Лебница која има големо стопанско значење за местото. Добри Лаки лежи 34 км од општинското седиште Струмјани, а најблиско населено место од бугарска страна е Клепало (7 км).
Историја Во XIX век Добри Лаки било помало чисто македонско село, кое прво ѝ припаѓало на Мелничката, а по 1878 г. на Петричката каза на Серскиот Санџак. Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Добрил’к (Dobrilëk) било село во Мелничката Каза со 60 домаќинства од 200 жители Македонци."Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г." Македонски научен институт, София, 1995, стр. 142 – 143.
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. во селото живееле 620 Македонци-христијани.
Во селото работела бугарската пропаганда на духовен и образовен план. Според егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“), во 1905 г. Добролаки (Dobrolaki) имало 784 Македонци, сите под врховенството на Бугарската егзархија. Во него работело 1 основно бугарско училиште со 1 учител и 27 ученици.Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р.186-187.
Црквата „Св. Троица“ е завршена во 1913 година.
Личности Васил Гаврилов Ѓуров (1916 – 1996) — околиски лекар, основоположник на бањското лекување во Пиринска Македонија; исцедувал и блатни подрачја во борба против маларијата во тој дел на Македонија. Георги Тренчов — револуционер од ВМОК, војвода на чета во Петричко за време на Горноџумајското востаниеНиколов, Борис Й. Вътрешна македоно-одринска революционна организация. Войводи и ръководители (1893-1934). Биографично-библиографски справочник, София, 2001, стр. 172. Борис Иванов Костадинов (1912 - 1987) — учесник во Битката на Драва (Дравската операција)
Поврзано Каршијак
Наводи