Судан првпат учествувал на Олимписки игри во 1960 година, и оттогаш испратил натпреварувачи на повеќето изданија на Летните олимписки игри. Земјата не учествувала на игрите во 1964, ги бојкотирала игрите во 1976 заедно со повеќето африкански земји, и го поддржала бојкотот предводен од САД на игрите во 1980 одржани во Москва. Судан никогаш не учествувал на Зимски олимписки игри.

Исмаил Ахмед Исмаил го донел првиот и единствениот медал за Судан на Олимписките игри, освојувајќи го второто место на трката на 800 метри на Летните олимписки игри 2008.

Националниот олимписки комитет на Судан е основан во 1956 година, а бил признаен од страна на Меѓународниот олимписки комитет во 1959 година.

Список на освојувачи на медали МедалНатпреварувач Игри Спорт Дисциплина Исмаил Ахмед Исмаил Пекинг 2008 Атлетика 800 метри

Наводи

Олимписки игри