Елагабал или Хелиогабал е сириско-римски бог на сонцето.
Култот кон него
Елагабал најпрво бил почитуван во Емеса во Сирија. Името му е латинизирана форма на сириското „Ilāh hag-Gabal“, што доаѓа од Ел или Илах („бог“) и „габал“ („планина“), (на jabal), со што се добива „Богот на планината“. Култот кон ова божество се раширил и во другите делови од Римското Царство, во текот на вториот век. На пример, пронајдена е посвета кон овој бог во далечни предели, во денешна Холандија.An Early Dedication to Elagabal; the inscription is in now in Woerden's city museum.
Во Рим Во Рим статуа на овој бог е донесена од римскиот цар Марко Аврелиј Антонино, кој пред тоа бил висок свештеник во Емеса и често бил нарекуван Елагабал, според божеството. Сирискиот бог се претопил со римскиот бог на сонцето, познат како Сол Инвиктус („Непоразеното Сонце“).
Изграден е храм наречен Елагабалиум на источната страна од Палатин, каде е сместен светиот камен донесен од храмот во Емеса, што е всушност црн метеорит.Herodian, Roman History V.5 Херодијан запишал за тој камен: Овој камен е обожуван како да е испратен од рајот; на него има неколку мали делови и ознаки, за кои луѓето сакаат да веруваат дека се приказ на сонцето, бидејќи како такви и ги гледаат.Herodian, Roman History V.3
Херодијан исто така кажал дека Елагабал ги терал сенаторите да го гледаат додека танцува околу олтарот на своето божество, на звуци од тапани и цимбали, и на секој летен сонцестој се одржувал голем фестивал, популарен меѓу народот поради тоа што се давала бесплатна храна, и за време на тој фестивал, тој го поставувал светиот камен на триумфална кочија, украсен со злато и накит, и со која парадирал низ градот: Кочија со шест коњи го носи божеството, коњите се огромни и чисто бели, со скапа златна опрема. Никој не ги држи уздите, и никој не се вози во кочијата; возилото има пратња како навистина самиот бог да управува со кочијата. Елагабал трчал назачки пред кочијата, со лице кон божеството и држејќи ги коњите за ремените. Целиот пат тој го минува вака, гледајќи во својот бог.
Описот на Херодијан сугерира дека култот кон Емесене бил инспириран од вавилонскиот Акиту фестивал.M. Geller, "The Last Wedge," in Zeitschrift für Assyriologie 87 (1997), pp. 43-95.
Императорот исто така се обидел да направи спој на римската и сириската религија каде главен бил неговиот бог, кого тој го поставил дури и над Јупитер,Cassius Dio, Roman History LXXX.11 на кого како сопруга му ја одредил било Астарте, Минерва или Уранија, или некоја комбинација на трите.Herodian, Roman History V.6 . Најсветите реликти од римската религија биле пренесени од нивните светилишта во Елагабалиум, вклучувајќи го и „амблемот на Големата Мајка, огнот на Весталките, Паладиумот, штитовите на Салиите, и сè што Римјаните го сметале за свето.“ Тој исто така повеќепати изјавувал дека Евреите, Самарјаниte и Христијаните мора да ги преместат сите свои обреди во неговиот храм, со што во храмот да се наоѓаат „сите мистерии на секој вид на обожавање“.Augustan History, Life of Elagabalus 3
Откако императорот е убиен во 222 година, неговите религиски укази биле укинати, а Елагабал е вратен во Емеса.Herodian, Roman History VI.6
Литература M. Pietrzykowsky, "Die Religionspolitik des Kaisers Elagabal", in: Aufstieg und Niedergang der römischen Welt II 16.3 (1986) 806-1825
Поврзано Хомс Кралско семејство од Емеса Сол Инвиктус
Наводи
Надворешни врски Livius.org: Elagabal
Категорија:Римски богови Категорија:Сончеви богови Категорија:Религии во Сирија Категорија:Древна Сирија