Лески () или Љаски (од 1966 г. офиц. Ново ЛескиУказ № 960/обн. 04.01.1966 г., месно: Ново Љаски)— село во Неврокопско, Пиринска Македонија, во состав на денешната Општина Хаџидимово на Благоевградската област, југозападна Бугарија.Guide Bulgaria, Accessed May 5, 2010
Историја Отоманско Царство Во текот на XIX век, селото било во составот на Неврокопската каза на Отоманското Царство.
Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. во Лески (Liaski) имало 75 домаќинства и 260 Македонци.Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г., Македонски научен институт, София, 1995. Според Стефан Верковиќ, на крајот на 19 век, Лески било село со население кое живеело во 72 куќи.Стоян Райчевски – „Българите Мохамедани“. София 2004, стр. 111 – 124. ISBN 954-9308-51-0 Црквата „Свети Ѓорѓи“ во селото е од почетокот на XIX век.
Старото село се наоѓало во наборите на Пирин, но во потрага по поплодна земја населбата се преселила 2 километри на исток, на почетокот на Неврокопското поле.
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година селото имало 695 жители, сите Македонци.Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 188.
По избувнувањето на Балканските војни во 1912 година, 13 лица од селото биле доброволци во Македонско-одринските доброволни чети.„Македоно-одринското опълчение 1912 – 1913 г. Личен състав“, Главно управление на архивите, 2006, стр. 837
Бугарија По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Бугарија.
Во новото село во 1994 година била изградена црквата „Свети Димитар“, а во месноста Илија е изградена истоимената капела. Во селото има ансамбл за народни песни и игри, кој е познат по Лесковското оро.
Географија и местоположба Ново Лески се наоѓа помеѓу селата Мусомишта и Копривлен. Се наоѓа и помеѓу градовите Гоце Делчев и Хаџидимово. Селото е опкружено со прекрасна природа, има борова шума и чешма со минерална вода.
Редовни настани Секоја година на празникот Христофор (22 мај по стар стил) се освојува Лесковиот Врв (Свети Дух), се осветува вода и се принесува курбан за здравје. Се упатува и молитва за дожд. На 6 мај (Ѓурѓовден) и 15 август (Голема Богородица) се посетува црквата Св. Ѓорѓи во Старо Лески, а на двата празника се служи литургија и се прави водосвет и курбан за здравје. Постои верување дека оној кој со вера ќе преноќи во манастирот на 14 и 15 август се опоравува од многу болести. На 20 јули (Илинден) се посетува параклисот над селото каде се врши водосвет и курбан за здравје. На 26 октомври (Димитровден) е празникот на селото и неговата нова црква „Свети Димитар“.
Личности мини|Иван Попов Родени во Лески Георги Атанасов, доброволец во четата на Иван Атанасов – Инджето во текот на Српско-бугарската војна од 1885 година Димитар Попов (1864 - 1903), македонски револуционер од ВМОРО Иван Попов (1871 – 1921), македонски револуционер Свештеник Никола Атанасов (Бујуклиев) Свештеник Костадин Поп Николов Бујуклиев (1883 – 1962). Иницијатор за преместување на селото. Илија Ангелов, македонско-одрински доброволец Илија Гуџенов, ректор на Југозападен Универзитет „Неофит Рилски“ помеѓу 1999 и 2007 г. Никола Атанасов, доброволец во четата на Иван Атанасов – Инджето во текот на Српско-бугарската војна од 1885 година Стојан Ангелов, македонско-одрински доброволец
Култура и спорт мини|283x283пкс|ФК Ново Лески - сезона 2017 Во селото постоел клуб под името Лески, познат и под името ФК Ново Лески. Бил оформен во 1972 година, а престанал да се натпреварува во 2018 година. Најдобар пласман оствариле во сезоната 2009/2010 - кога освоиле 1 место во обласната група „Б“.
Наводи
Надворешни врски
"Старовремски праздник в с. Ляски (Неврокопско)", публикувано във в. „Новини“, брой 67, 68, 69, 70, Цариград, 1896 година