Волкашинска Кула — археолошко наоѓалиште во прилепското село Зрзе. Наоѓалиштето најверојатно претставува тврдина, но поради неистраженоста не е датирано. Во 1951-1957 македонскиот антрополог Јован Ф. Трифуноски при своите истражувања забележал дека над самиот Зрзески манастир постојат и се видливи остатоци од тврдина за која Александар Дероко„Средњовековни градови у Србији, Македонији и Црној Гори“ 1950., стр. 151 наведува дека припаѓала на кралот Волкашин.Јован Ф. Трифуновски, Битољско - Прилепска котлина, Антропогеографска проучавања, Београд 1998
Поврзано Кале — базилика од старохристијанско време; Стари Гробишта — сакрален објект од римско време; Долна Црква — осамен наод од римско време; Св. Никола — осамен наод од римско време; Св. Петка — црква од непознат период; Св. Архангел — црква од непознат период; Св. Филип — црква од непознат период; Св. Атанас — црква од непознат период; Св. Врачи — црква од непознат период; Зрзе; Список на археолошки наоѓалишта во Прилепско;
Наводи
Категорија:Зрзе