Втора македонска ударна бригада (позната и како Тиквешка ударна бригада) — бригада формирана во село Фуштани, на планината Кожуф на 20 декември 1943 година. Била формирана од 480 борци на баталјонот „Страшо Пинџур“, Вториот баталјон на Третата оперативна зона на НОВ и ПОМ и Бугарскиот баталјон „Христо Ботев“. По неколку дена, на 23 декември баталјонот „Христо Ботев“ излегол од нејзиниот состав, а бил приклучен баталјонот „Мирче Ацев“. Од 25 август 1944 година, бригадата била во состав на Четириесет и првата македонска дивизија.

По формирање на бригадата, таа почнала да го издава својот орган весникот „Народна борба“.д-р Марјан Димитријевски „Македонската војска 1944-1945“, Скопје, ИНИ, 1999 г., стр. ​84-89 Состав Во јануари 1944 година бригадата броела околу 445 борци.

Командниот состав на бригадата го сочинувале: Диме Туриманџовски - командант од 19 декември 1943 до крајот на мај 1944 година Методија Поповски - Мајка - командант од јуни 1944 година Наум Василевски - Овчар - потпоручник, одреден за командант со наредба на ГШ на НОВ и ПОМ од 6 август (стапил на должност на 25 август) до 25 септември 1944 година Живојин Росиќ, командант до 17 октомври 1944 година Ванде Лазаревски - командант од 17 октомври до 17 декември 1944 г. Пецо Гудовски - командант од 17 декември 1944 година Раде Поповиќ - Душко - командант од 1 март 1945 година.

Политички комесари на бригадата биле: мини|304x304px|Формирање на II македонска ударна бригада, 20 декември, 1943 година во село Фуштани, Егејска Македонија. Трифон Трифонов - Балкански - политички комесар од 19 декември 1943 година Наум Наумовски - Борче - политички комесар од март до 25 август 1944 година Стојан Бочваровски - Бочвар - политички комесар од 25 август 1944 година Ристо Стојановски - Железни - политички комесар од септември 1944 година и повторно од 1 март 1945 г. Илија Андреевски - Кагин - политички комесар од 17 октомври 1944 година Пара Газиноска - заменик политички комесар (од март 1944 до 15 мај 1945 година) Дана Андреева - Неткова - заменик политички комесар (од јули 1944 година). Борбени дејства лево|мини|300x300пкс|Втора македонска ударна бригада Борбените операции на оваа бригада се одвивале на целиот терен на Македонија, од егејскиот дел на Македонија, па сè до Сремскиот фронт, Србија, Хрватска и Словенија. мини|Хорот на Руската чета во состав на Втората македонска бригадаВо текот на првата половина на 1944 година, Втората македонска ударна бригада водела успешни борби против бугарскиот окупатор кај кавадаречко, мегленско и учествувала во Февруарскиот поход. Изведувала диверзантски акции на пругата Гевгелија-Демир Капија, а потоа преминала на теренот на Прилеп и Мариово. Во рамките на овие операции, бригадата имала жестоки судири со бугарската војска кај село Витолишта, с. Полчишта, с. Конопиште на 7 јуни 1944 година, с. Стрмашево на 12 јуни 1944 година, кај с. Крањево на 19 јуни 1944 г. Кон крајот на јули 1944 година, Бригадата имала пет баталјони, а кон средината на август, Битолскиот и Прилепскиот баталјон влегле во составот на Седмата и на Петтата македонска ударна бригада.

Од 25 август 1944 година кога влегува во состав на Четириесет и првата македонска дивизија, бригадата броела околу 1200 борци и старешини. Во текот на септември 1944 година делувала на линијата Гевгелија - Велес, а подоцна учествувала во борбите за ослободување на Прилеп и Кичево (околу 15-18 ноември, 1944 година), како и против германските сили кои се повлекувале од Грција по долината на реката Вардар.

Со воената реорганизација од декември 1944 година, бригадата влегла во состав на Четириесет и осмата македонска дивизија, која пак била дел од Петнаесеттиот македонски корпус. Во состав на корпусот, бригадата учествувала на Сремскиот фронт, во реонот на Иљача и Винковци, почнувајќи од 12 април до 17 април, 1944 година при нивниот пробив кон Загреб воделе битки кај Стризивојна и Врпоље, па кај Славонска Пожега на 20-21 април, кај селото Гарешница, Чазма и во реонот на Загреб од 25 април до 9 мај. Откако учествувале во ослободувањето на Загреб, заедно со дваесет и првата српска дивизија, вршеле чистење на теренот и разоружување на непријателските сили. На Сремскиот фронт, бигадата го издавала весникот „Нашиот удар“, од кој излегле 5 броја.

Од оваа бригада на Сремскиот фронт загинале 245 борци и старешини.

Список на загинати борци Список на загинати борци на Втората македонска ударна бригада: