Обединета екипа е името користено од спортската екипа на поранешниот Советски Сојуз (со исклучок на Балтичките држави) на Зимските олимписки игри во Албертвил и на Летните олимписки игри 1992 во Барселона. Државниот код на МОК бил EUN, според француското име, Équipe Unifiée. Обединетата екипа понекогаш неформално се нарекувала екипа на ЗНД (Заедница на независни држави), иако Грузија не се придружила сè до 1993 година.

За време на Зимските олимписки игри, националните олимписки комиитети на земјите членки сè уште не биле членови на МОК, па од оваа причина било користено олимпиското злато наместо националното знаме на церемонијата на отворањето и на церемониите по повод доделувањето на медалите, и олимписката химна била свирена за време на доделувањето на златните медали. За време на Летните олимписки игри, биле создадени националните олимписки комитети, сепак тие испратиле здружена екипа со станардна униформна бидејќи квалификационите рунди биле завршени пред конечниот распад на Советскиот Сојуз. Каде што спортистите од Обединетата екипа кога ќе освоеле медал, националното знаме на тој олимпиец ќе се подигнело на јарболот, на местото на олимпиското знаме и на освојувачите на злато им била свирена државната химна наместо олимписката химна. Екипите пак биле претставувани со олимпиското знаме и олимписката химна.

На Зимските олимписки игри 1994 и на Летните олимписки игри 1996, земјите кои биле дел од Обединетата екипа започнале да се натпреваруваат посебно.

Додека на Зимските олимписки игри земале учество само 6 земји на летните игри земале учество сите земји членки. За подетални информации погледајте повеќе на: Обединета екипа на Летните олимписки игри 1992 Обединета екипа на Зимските олимписки игри 1992

+ Земји учеснички во Обединетата екипа Земја (поранешнаСоветска република) МОК код(1994–) * ARM AZE * BLR GEO Казахстан KAZ Киргистан KGZ MDA * RUS Таџикистан TJK Туркменистан TKM * UKR * UZB * Земји учеснички на Зимските олимписки игри.

Настап: Обединетата екипа завршила како втора зад Германија освојувајќи севкупно 23 медали на ирите во Албертвил од кои 9 златни, 6 сребрени и 8 бронзениs. Обединетата екипа била прва на игрите во Барселона освојувајќи 45 златни, 38 сребени, и 29 бронзени медали или севкупно 112 медали

Носачи на знаме

Зимски олимписки игри 1992 - Валериј Медведцев (Биатлон) Летни олимписки игри 1992 - Александар Карелин (Борење)

Поврзано Обединета екипа на Параолимписките игри Обединета екипа на Германија Независни учесници на Олимписките игри

Категорија:Заедница на независни држави Категорија:Советскиот Сојуз на Олимписките игри