Олтар — место на кое се извршува жртвен обред. Во христијанството, во олтарскиот простор се наоѓа „чесната трпеза“, местото каде свештеникот му ја принесува жртвата на божеството. Олтарот влече корени од дамнешни верски искуства на човештвото, но е присутен и во современите религии.

Христијанските храмови се поставуваат во правец исток-запад. Во православните храмови олтарот се наоѓа на источната страна, додека кај католичките цркви олтарот е на западната страна (има исклучоци, на пример во битолската католичка црква олтарот се наоѓа на исток).

Олтарски простор во христијанските цркви

мини|Олтар во црквата Св. Атанасиј во Радиовце Олтарот е најсветиот и најважниот дел на христијанската црква. Тој е подигнат во однос на останатиот дел од храмот и од средишниот дел (наосот) е одвоен со иконостас. Зборот олтар е од латинско потекло, од зборот altare и значи жртвеник, светилиште.

Во олтарот се наоѓаат: трпеза - престол, проскомидија и ѓаконик. На престолот мора да има: антиминс, Свето Евангелие, крст, дарохранилка во која се наоѓаат материјал за причестување на болни лица, мироносница - потребна за свето крштевање, свеќи, кандило и службеник. Проскомидијата е место во олтарот, каде се чува сè што е потребно за богослужба: путир, дискос, копје, лажичка, богослужбена одежда...

Олтарот како тема во уметноста и во популарната култура „Олтар“ — песна на македонскиот поет Анте Поповски.Анте Поповски, Дрво што крвави. Скопје: Детска радост, Наша книга, Македонска книга, Култура, Мисла, 1991, стр. 143. „Олтар на жртвувањето“ (англиски: Altar of sacrifice) — песна на американската треш-метал група Слејер (Slayer).YouTube, Altar Of Sacrifice (пристапено на 1.8.2025)

Галерија

Наводи

Надворешни врски

Московската патријаршија Олтар (на руски)

Категорија:Христијанство Категорија:Црковна архитектура Категорија:Богослужба Категорија:Маси Категорија:Латинизми