Аша е авестиски израз за „вистина“ и главен концепт на теологијата и доктрината во зороастризмот.. qtd. in  . Спротивно на аша е друј, „лага“. Всушност значењето на овој збор е сложено, и иако вообичаено се користи со значење „вистина“, може да означува и „ред“ и „вистинска работа“...

Значење Аша не може да се преведе само со еден збор на друг јазик, но може да се објасни на следниве начини:

Најпрво, значи „вистинска изјава“.. Оваа космичка сила е проткаена со морал и праведност како морален чин..

Поврзаноста меѓу „вистина“, реалност и сеопфатниот космички принцип, наликува на концептот логос..

Сличноста на аша и „постоење“ се среќаваат во објаснувањето за Ахура Мазда како творец, кој сам по себе постои. Според етиката на зороастризмот („добри мисли, добри зборови, добри дела“), Воху Мана е активен во добрите мисли, Сраоша во добрите зборови, а Аша Вахишта во добрите дела. (Денкард 3.13-14). Според тоа, аша е „активност и ефект“..

Со значење „вистинска работа“, изразот аша е употребен кога Ахура Мазда ги создава патеките на сонцето, месечината и ѕвездите (Јасна 44.3), и се вели дека преку аша растат растенијата (Јасна 48.6). Ова исто така сугерира на хармонија и соработка.

Наводи

Надворешни врски Играта на Аша

Категорија:Зороастризам