Јуриј Георгиевич Седих (11 јуни 1995 - 14 септември 2021) — советски атлетичар кој бил специјализиран во дисциплината фрлање кладиво. Тој бил двократен олимписки шампион (1976 и 1980), еднократен светски шампион (1991) и трократен европски шампион (1978, 1982 и 1986) во својата дисциплина. Неговиот резултат од 86,74 метри постигнат во 1986 година, сè уште претставува светски рекорд.

Животопис Седих започнал да се занимава со атлетика во 1967 година и негов прв тренер бил Владимир Ивановиќ Воловик. Тој тренирал во спортското друштво Буревестник, а потоа и во спортското друштво Вооружени сили во Киев (Седих го стекнал чинот мајор во Советската војска). Во 1973 година тој станал член на државниот јуниорски тим на СССР. Тој го поставил актуелниот светски рекорд од 86,74 метри на Европското првенство 1986 во Штутгарт. Само Седих и Сергеј Литвинов успеале да префрлат преку 86 метри во историјата на овој спорт (префрлените 86,73 метри на Иван Тихон во 2005 година биле поништени поради допингhttp://www.iaaf.org/news/iaaf-news/ivan-tikhon-nadzeya-ostapchuk-results-annulle).

За разлика од многуте фрлачи на кладиво, Седих го фрлал кладивото после три вртења наместо четири - тој сметал дека три ротации се доволни. Од 1972 година, негов тренер бил Анатолиј Бондарчук, кој се смета за еден од најдобрите тренери во фрлање кладиво во светот. Седих често тренирал со полесни и потешки кладива.

Тој ги освоил златните медали на Летните олимписки игри во 1976 и 1980 и го освоил златниот медал на Светското првенство 1991 во Токио. Освен тоа, тој бил трикратен европски шампион, освојувајќи ги златните медали на првенствата во 1978, 1982 и 1986 година.

Личен живот Првата сопруга на Седих, Људмила Кондратјева го освоила златниот медал на Летните олимписки игри 1980 во трката на 100 метри. Тие се венчале во средината на 1980-тите, но подоцна се развеле. Нивната ќерка, Оксана, родена во 1985 година, исто така е врвна руска фрлачка на кладиво.

Седих сега е во брак со поранешната советска фрлачка на ѓуле, Наталија Лисовскаја, која го освоила златниот медал на Летните олимписки игри 1988 и е актуелна светска рекордерка со префрлени 22,63 метри. Тие имаат една ќерка, Алексија, родена во 1993 година, која исто така е фрлач на кладиво и која го освоила златниот медал на Летните младински олимписки игри 2010 во Сингапур. Седих со неговото семејство живее во Париз, Франција, и таму тој е професор по физичко образование на еден универзитет. Наводи

Надворешни врски Профил на IAAF.org

Категорија:Родени во 1955 година Категорија:Украински фрлачи на кладиво Категорија:Руски фрлачи на кладиво Категорија:Советски фрлачи на кладиво Категорија:Освојувачи на златни олимписки медали за СССР Категорија:Олимписки сребрени медалисти за СССР Категорија:Светски рекордери во атлетика Категорија:Носители на Орденот на Ленин Категорија:Починати во 2021 година