Виктор Иванович Чукарин (, ; 9 ноември 1921 – 25 август 1984) — советски гимнастичар. Тој освоил единаесет медали од кои седум златни на Летните олимписки игри 1952 и 1956 (вклучувајќи ги поединечни титули во повеќебој на двете изданија) и бил светски шампион во повеќебој во 1954 година. Тој бил најуспешен спортист на игрите во 1952 година.
Животопис Чукарин е роден во селото Красноармејски во Донецката област, но неговото семејство набрзо се преселило во Мариупол, каде тој започнал да тренира гимнастика. Подоцна, Чукарин студирал на Институтот за физичко образование во Киев, и во 1941 година волонтирал во Советската војска. Тој бил ранет, заробен во близина на Полтава и сместен во камп за воени заробеници во Зандбостел. Тој бил префрлан од еден во друг заробенички камп и кога бил ослободен во 1945 година тежел само 40 килограми. Тој не бил прифатен повторно во спортскиот институт во Киев, па се запишал на Иститутот за физичка култура во Лавов. Во 1947 година тој се натпреварувал во гимнастика на државното првенство на СССР и завршил на петтото место, а веќе смедната година станал државен шампион. Тој станал државен шампион во повеќебој во 1949 година и го повторил овој успех во 1950, 1951, 1953 и 1955 година.«Ахиллесова пята» Виктора Чукарина. Как узник Бухенвальда выиграл Олимпиаду. Argumenty i Fakty. 18 September 2014
Советскиот Сојуз се приклучил на Олимписките игри во 1952 кога Чукарин имал 30 години. До тогаш, Чукарин се здебелил и бил сметен за крупен за гимнастичар. Поради тоа тој добил ниски оцени во дисциплината партер, но сепак освоил шест медали, вклучувајќи го поединечниот повеќебој, победувајќи го за 0.7 бода својот сонародник Хрант Шахинјан. Тој освоил уште пет медали на Летните олимписки игри 1956, вклучувајќи сребрен медал во дисциплината партер.
Тој ја водел советската екипа до победата на Светското првенство 1954, освојувајќи ги златните медали во екипнкиот повеќебој и во поединечниот повеќебој.
Во 1957 година, тој и Лариса Латинина биле првите спортисти кои биле наградени со орденот Ленин.
Чукарин ја раскажал својата спортска кариера во својата книга од 1995 година насловена Патот до врвовите (Put K Vershinam). Во 1961 година, тој бил тренер на гимнастичката екипа на Ерменија, а две години подоцна станал асистент професор на Иститутот за физичка култура во Лавов.
Од 1984 година, една улица во Лавовската област Сихов го носи неговото име.
Наводи
Надворешни врски International Federation of Gymnastics' Profile on Viktor Chukarin List of competitive results The Olympic Database
Категорија:Родени во 1921 година Категорија:Починати во 1984 година Категорија:Советски гимнастичари Категорија:Освојувачи на златни олимписки медали за СССР Категорија:Олимписки сребрени медалисти за СССР Категорија:Олимписки бронзени медалисти за СССР Категорија:Луѓе од Мариупол Категорија:Носители на Орденот на Ленин