Ирена Шевињска (родена како Ирена Киршенштејн на 24 мај 1946 г.), — поранешна полска спринтерка која била една од водечките светски спортисти во речиси две децении во повеќе дисциплини.
Ран и личен живот Ирена Киршенштејн е еврејка, и е родена во Ленинград во еврејско семејство. Нејзиниот татко бил од Варшава а нејзината мајка од Киев. Тие се запознале во Ленинград, каде студирале во тоа време и во 1947 година се преселиле во Варшава..Rozmowa z Ireną Szewińską . bieganie.pl. 18 May 2012
Во 1967 година таа се венчала со нејзиниот тренер, Јануш Шевињски, кој се натпреварувал во атлетските дисциплини со пречки на државно ниво и подоцна работел како спортски фотограф. Тие имаат два сина, Андреј Шевињски (роден 1970 г.), кој играл одбојка и подоцна станал сенатор, и Јарослав (роден 1981 г.).SZEWIŃSKA (KIRSZENSTEIN) IRENA. pkol.pl
Во 1970 година Шевињска дипломирала на Варшавскиот универзитет со магистерска диплома по економија.
Кариера
Помеѓу 1964 и 1980 година таа се натпреварувала на пет изданија од Летните олимписки игри, освојувајќи седум медали, од кои три златни. Таа исто така соборила шест светски рекорди и е единствената спортистка која поседувала светски рекорд во трките на 100 метри, 200 метри и 400 метри. На Европските првенства таа освоила вкупно десет медали (пет златни). Помеѓу 1965 и 1979 година таа собрала 26 државни титули и поставила 38 рекорди во спринтерските трки (100, 200 и 400 метри) и скок во далечина.Irena Szewińska-Kirszenstein . sports-reference.com
Во 1974 година, таа станала првата шена која ја соборила границата од 50 секунди на 400 метри, и поставила нов светски рекорд од 22.21 секунди на 200 метри. Таа била рангирана на 1. во светот во трките на 100, 200 и 400 метри во 1974 година
Последниот олимписки медал таа го освоила на игрите во 1976 во Монтреал, победувајќи на трката на 400 метри со нов светски рекорд од 49.29 секунди. На воведното издание на Светскиот куп во атлетика во 1977 година, таа ги освоила титулите во трките на 200 и 400 метри; победувајќи ги фаворизираните спринтерки од Источна Германија, Барбел Вокел и Марита Кох редоследно. Таа била рангирана на 1. во светот во трките на 200 и 400 метри во 1976 и 1977 година.
Во 1998 година, Шевињска станала член на Меѓународниот олимписки комитет. Од 2004 година, таа е на чело на полската атлетска федерација.
На 3 август 2005, таа била избрана како трета жена во Советот на Меѓународната асоцијација на атлетски федерации (ИААФ) за време на првата сесија од 45. конгрес на ИААФ во Хелсинки.
Таа е член на Меѓународната еврејска спортска куќа на славни, и на куќата на славни на ИААФ.
Наводи
Надворешни врски
Jews in Sports KIRSZENSTEIN-SZEWIŃSKA, Irena International Who's Who.
Категорија:Родени во 1946 година Категорија:Полски Евреи Категорија:Луѓе од Санкт Петербург Категорија:Полски атлетичари Категорија:Олимписки златни медалисти за Полска Категорија:Олимписки сребрени медалисти за Полска Категорија:Олимписки бронзени медалисти за Полска Категорија:Починати во 2018 година