Олимписки медал — награда доделена на успешнитет натпреварувачи на Олимписките игри. Постојат три вида на медали: златни, кои се доделуваат на бедниците, сребрени, дделени на оние кои се зад победникот и бронзени, доделени на оние кои се втори зад победникот. Доделувањето на наградите подетално е опишано во олимписките протоколи.
Изгледот на медалите се менувал значајно од првите олимиски игри во 1896 година, особено во големината и тежината. Се користел стандарден изглед за предната страна на медалите за Летните олимписки игри од игрите во 1928 година и останал во употреба многу години, сè додека не бил заменет на игрите во 2004 година како резултат на спортот порврзан со употребата на римскиот Колосеум наместо на градба која би ги претставувала старогрчките корени. Медалите на Зимските олимписки игри никогаш немале карактеристичен изглед, но на истите секогаш имало снегулки.
Како дополнение и поддршка за своите спортисти, некои земји обезбедуваат парични награди и подароци на освојувачите на медали, во зависност од видот и бројот на освоени медали.
Воведување и првични награди
Маслиново венче било награда за победниците на Старите олимписки игри. Стануало збор за маслиново гранче, од дива маслинка која растела во Олимпија,Theophrastus, Enquiry into Plants, IV.13.2: 'the wild-olive [kotinos] at Olympia, from which the wreaths for the games are made". испреплетено за да образува круг или пак потковица. Според Павсиниј бил воведен од страна на Херкул како награда за победникот во трчање во чест на Зевс.Pausanias, Description of Greece, 5.7.7
Кога започнале современте Олимписки игри во 1896 година ти им биле доделувани на успешните натпреварувачи. Сепак, златните медали не биле доделувани на првите игри во 1896 во Атина, Грција.London 2012: Olympic medals timeline, BBC News. Retrieved 27 July 2011. На победниците им бил доделуван сребрен медал и маслиново гранче, Додека пак маратонците добивале ловорово гранче и бакарен или бронзен медал.“After this followed the distribution of the second prizes. The King presented each winner with a bronze medal and a laurel branch.” (English version) But: “Darauf treten die zweiten Sieger einzeln heran und empfangen aus den Händen des Königs einen Lorbeerzweig und eine kupferne Medaille” (German version) Pierre de Coubertin and others, The Olympic Games In 1 8 9 6, Athens , London, Leipzig 1897, p.114 and p. 115. In: The Olympic Games B.C. 776. — A. D. 1896. Part II Во 1900 година, повеќето победници добиле чаши или пак трофеи наместо медали.
Традицијата на доделуање на златен, сребрен и бронзен медал за првите три места на игрите во 1904 година во Сент Луис, Мисури во САД. Меѓународниот олимписки комитет (МОК) им доделин ретроактивно златни, сребрени и бронзени медали на побениците на игрите на секој настан од игрите во 1896 и 1900 година. Доколку има повеќе добитници на ист медал сите тие се наградуваат со соодветниот медал според правилата на МОК.Report 268. International Olympic Committee. 31 January 2002. Retrieved 11 September 2011.
Медалите не се само награди кои се доделуваат на натпреваруачите, секој спортист кој ќе се натпреваува и иде меѓу првите осумина се стекнува и со олимписка диплома. Исто така на стадионот на кој се одржуваат игрите, имињата на сите добитници на медали се напишани на ѕидовите. Finally, as noted below, all athletes receive a participation medal and diploma.
Производство и изглед
MOK ги диктира физичките својства на медалите и ја има конечната одлука за нивниот конечен изглед. Изгледот на медалите е развиен заедно со Националниот олимписки комитет (НОК) кој е домаќин на игрите, но сепак МОК има донесено одреден збир на правила:The fine art of victory, Powerhouse Museum. Retrieved 11 September 2011. Добитници: првите тројца натпреварувачи добиваат медал Облик: вообичаено кружен, на кој има држалка за синџир или пак трака Пречник: минимум 60 мм Дебелина: минимум 3 мм Материјал: Прво место: составен од сребро со чистота .925, позлатен со 6 грама злато. Второ место: сребро со чистота .925.http://www.dendritics.com/scales/metal-calc.asp Трето место: се состои од бакар со додатоци на калај и цинк (вреди приближно $3). Luxlist. Retrieved 11 November 2012 Детаки за спортот: спортот за кој е освоен медалот треба да е запишан на медалот
Првите олимписки медали во 1896 година бил осмислен од францускиот вајар Жил-Клемент Чаплин на кој бил претставен Зевс кој ја држи Ника, старогрчката божица на победата, на предната страна и Акрополис на задната страна. Тие биле изработени во Париската ковачница кои исто така ги направиле медалите за игрите во 1900 година кои биле одржани во Париз. Со ова започнала традицијата задолжението за ковањето на медалите да биде на градот домаќин. За наредните неколку олимпијади домаќините имале можност да го изберат изгледот на медалот.
Трионфо
Во 1923 година МОК спровел натпревар за вајарите да го осмислат изгледот на медалите за Летните олимписки игри. Замислата на Џузепе Касиоли наречена Трионфо бил избран за победник во 1928 година.Winner's medal for the 1948 Olympic Games in London, Olympic.org. Retrieved 5 August 2011.Olympic Summer Games Medals , Athens Info Guide. Retrieved 27 July 2011. На предната страна повторно ја имало божицата Ника но овојпат во преден план, држејќи ја победничката круна и палма со приказ на Колосеумот во позадина. Во десниот горен дел на медалотбил оставен за името на олимпискиот домаќин и бројот на игрите. На задната страна е претставена толпа од луѓе кои го носат на раце освојувачот. Неговиот победнички изглед бил првпат презентиран на игрите во 1928 година во Амстердам. Овој изглед се одржал во наредните 40 години сè до игрите во 1972 година во Минхен биле првите игри на кои бил употребен поинаков изглед на задната страна на медалот.
Касиолиевиот изглед продолжил да опстојува на предната страна на медалот уште подолг период, со тоа што бил призведуван за секои игри, со различен олимписки домаќин и број на игри. Предната страна го зачувала својот изглед Трионфо сè до игрите во 1992 година во Барселона, Шпанија, кога МОК одобриле поинаков изглед. За наредните неколку настани тие дозволиле употреба на мотивот со Ника, но дозволиле други измени. Трендот завршил во 2004 година поради негативниот публицитет поврзан со изгледот на медалот за игрите во 2000 година во Сиднеј. Војќех Питраник, осмислувачот на медалот, заедно со организаторите на игрите биле критикувани од страна на грчкиот печат за употребата на римскиот Колосеум наместо на грчкиот Партенон.Greek anger at Olympic medal design, [The Daily Telegraph. Retrieved 5 August 2011. Првичната замисла на Питераник била да бидат прикажана Сиднејската опера на предната страна но МОК сметале дека треба да биде заменета со Колосеумот и возач на двоколка. Тој ги спровел измените и покрај критиките, Сиднејскиот комитет за организација на игрите продолжил да го употребува изгледот на медалот,бидејќи немало време да се изведе нова замисла а и истата би била доста скапа. Оваа грешка опстојувала 76 години сè додека новиот изглед не го прикажувал Панатенаико бил воведен на игрите во 2004 игри во Атина.Athens' New Olympic Medal Design Win IOC's Nod, People Daily. Retrieved 5 August 2011. Овој нов изглед ќе продолжи да се користи сè до 2008 и 2012 година.
Пединечни задни изгледи
Германскиот олимписки комитет, Германскиот национален олимписки комитет, биле првите организирачи на Летните олимписки игри кој извршиле промена на задната страна на медалот. Замислата за игрите во 1972 година на Герхард Маркс, уметник од Баухаус, ги прикажувала митолошките близнаци Кастор и Полидевк.Olympic Summer Games Medals From Athens 1896 to Beijing 2008. International Olympic Committee. April 2010. Retrieved 10 September 2011. Оттогаш изгледот на задната страна на медалот била оставена на организаторот на игрите, но сепак конечната одлука ја имал МОК.
Споредба меѓу летните и зимските медали
МОК ја има конечната одлука за изгледот на сите олимписки медали, вклучувајќи ги тука Летните олимписки игри, Зимските олимписки игри и Параолимписките игри. За Зимските олимписки игри има поголема разноликост во дизајнот, за разлика од Летните олимписки игри, МОК никогаш нема осмислено нов изглед. Медалот на првите Зимските олимписки игри 1924 година во Шамони, Франција не ги ни прикажувале Олимписките прстени. Ника била прикажана на медалите во 1932 и 1936 година и се појавила само на еден изглед на медалите оттогаш. Еден постојан мотив е употребата на снегулката, додека пак ловеровите листови и круната се појавуваат на неколку изгледи на металите. Олимпиското мото Китиус, Алтиус, Фортиус го има на четири медали од Зимските олимписки игри но не се прикажува на Летните олимписки игри.
За три последователни настапи, домаќинот на Зимските олимписки игри вклучувале различни материјали во медалите: стакло (1992), спарагмит (1994), и лак (1998). Сè до игрите во 2008 година во Пекинг, Кина домаќинот олучил да искористи нешто поразлично, во овој случај жад. Додека пак обликот на медалите на Летните олимписки игри секогаш биле кружни со исклучок на игрите во 1900 година, облиците не амедалите на Зимските олимписки игри биле позначително различни. Медалите на Зимските олимписки игри воопшто биле поголеми, подебели и потешки од оние на Летните олимпшиски игри.
Поединечни изгледи на деталите
Изгледи на медалите на Летните олимписки игри
Детали за медалите за сите Летни олимписки игри:Magnay, Jacquelin. London 2012 Olympics: medal designs unveiled. The Telegraph. 27 July 2011. Retrieved 11 September 2011.
ИгриДомаќинДеталиОсмислувач(и)КовачницаПречник(mm)Дебелина(mm)Тежина(g)Слика 1896 Атина, Грција Предна страна: Зевс ја држи НикаЗадна страна: Акрополис Париска ковачница 48 3,8 47 1900 Париз, Франција Предна страна: Крилата божица која држи ловорови гранчиња, Париз во позадинатаЗадна страна: Победнички спортист кој држи ловорово гранче, Акрополис во позадината Забелешка: Единствениот олимписки медал кој не е со кружен облик Париска ковачница 59 x 41 3,2 53 1904 Сент Луис, Мисури, САД Предна страна: Ника држи ловорова круна и палмов листЗадна страна: спортист кој држи ловоров акруна; грчки храм во позадината Диегас и Клуст Диегас И Клуст 37,8 3,5 21 1908 Лондон, Големото Кралство Предна страна: Спортист кој добива ловорова круна од две женски особиЗадна страна: Свети Ѓорѓи како јава коњРаб: „Вогтон“, име на настан и победник Вогтон и синовите 33 4,4 21 1912 Стокхолм, Шведска Предна страна: Спортист кој добива ловорова круна од две женски особиЗадна страна: гласник кој ги отвора игрите со статуа на Пер Хенрик Линг зад него (Предна страна)Ерик Линдберг (Задна страна) К.К. Споронг и Ко 33,4 1,5 24 1920 Антверпен, Белгија Предна страна: Спортист држи ловорова круна и палмов листЗадна страна: Статуа на Силвиј БрабоРаб: име, настан, екипа, „Антверпен“, и датум Косманс 59 4,4 79 1924 Париз, Франција Предна страна:спортист кој му помага на друг спортист да станеЗадна страна: харфа и друга придружна спортска опрема Париска ковачница 55 4,8 79 1928 Амстердам, Холандија Замисла: ТрионфоЗабелешка: предниот изглед понекогаш видоизменет опстпјува со 2004 година, задниот изглед опстојува до 1972 година Холандска државна ковачница 55 3 66 1932 Лос Анџелес, САД Замисла: Трионфо Вајтхоаг И Хоаг 55,3 5,7 96 1936 Берлин, Германија Замисла: Трионфо"B.H MAYER PFORZHEIM 990" Б.Х. Мајер 55 5 71 1948 Лондон, Големото Кралство Замисла: Трионфо Џон Пинашес 51,4 5,1 60 1952 Хелсинки, Финска Замисла: ТрионфоРаб: 916 M / Y6 (фабрички печат) Култакескус Ој 51 4,8 46,5 1956 Мелбурн, Австралија Замисла: Трионфо Кенет Лук 51 4,8 68 1960 Рим, Италија Замисла: ТрионфоОколу: бронзен ловоров венец и синџир од ловоров лист Артистис Фиорентини 68 6,5 211 1964 Токио, Јапонија Замисла: Трионфо и Јапонска ковачница 60 7,5 62 1968 Мексико, Мексико Замисла: Трионфо 60 6 130 1972 Минхен, Германија Предна страна: 'ТрионфоЗадна страна: Кастор и Полидевк, синови близнаци на Зевс и ЛедаРаб: името на победникот и спорт | (Предна страна) (Задна страна) | Баварска ковачница | 66 | 6,5 | 102