Мигел Анхел Лопес (; р. ) — колумбиски професионален друмски велосипедист, кој моментално вози за UCI World Tour екипата .
Во 2016 година, Лопес ја освоил својата прва етапна трка во Светската турнеја на Тур де Свис. и ја постигнал својата прва етапна победа на некоја голема трка следната сезона на единаесеттата етапа на Вуелта а Еспања, по што следела уште една победа на петнаесеттата етапа. Во 2019 година ги освои трките Трка Колумбија и Волта а Каталуња.
Кариера 2014
Лопес имал успеси во 2014 година, освојувајќи неколку етапни трки додека бил аматер. Во август ја освоил Тур де л’Авенир, најпрестижната трка за возачи под 23 години. Воедно ја освоил и Вуелта а Колумбија под 23 години.
2015
По успесите во 2014 година, Лопес потпишал договор со . Неговиот успех на етапните трки продолжил, завршувајќи четврти на крај и освојувајќи една етапа на Вуелта а Бургос, како и седмото место на Тур де Свис.
2016
Во 2016 година, Лопес го имал својот пробив, прославувајќи победи на големи етапни трки. Завршил како четврти на Тур де Сан Луис, првата трка во неговата сезона. На трката ја освоил шестата етапа и младинскиот пласман. Еден месец подоцна, Лопес завршил трет и освоил една етапа на Тур де Лангкави, осумдневна трка во Малезија. Во јуни му се случила најголемата победа досега на Тур де Свис, кога ја освоил етапната трка пред Јон Изагире и Варан Баргиј. По овие успеси, Лопес бил еден од петте возачи кои ја претставувале Колумбија на Летните олимписки игри 2016, настапувајќи на друмската трка. Бил вклучен во почетниот состав за Вуелта а Еспања 2016, но ја напуштил на шестата етапа.
2017
Лопес бил именуван во почетниот состав за Вуелта а Еспања заедно со поранешниот победник на трката Фабио Ару. На единаесеттата етапа ја остварил својата прва етапна победа на некоја голема трка, оддалечувајќи се од фаворитите на трката Крис Фрум, Винченцо Нибали и Вилко Келдерман во последните 2 километри на искачувањето од прва категорија до опсерваторијата Калар Алто. Добрата форма на Лопес во планините продолжила на четиринаесеттата етапа до Сиера де ла Пандера, каде уште еднаш се оддалечил од фаворитите, завршувајќи втор зад Рафал Мајка на првото искачување од екстра категорија на трката. На следната етапа заминал сам во бегство на завршницата, остварувајќи уште една етапна победа.
2018
Во мај 2018 година бил именуван во почетниот состав за Џиро д’Италија 2018. Трката ја завршил на третото место во генералниот пласман зад Крис Фрум и Том Димулен.
2019
Лопес ја освоил четвртата етапа и генералниот пласман на Волта а Каталуња 2019 во март.
Лопес ја завршил Џиро д’Италија 2019 на седмото место и го освоил пласманот за млад возач втора година по ред. На етапата 20, Лопес бил вклучен во инцидент со обожавател на околу 5 километри од целта. Го удрил гледачот четири пати, фрлајќи му ја капата од главата. Иако одредбите на управното тело на велосипедизмот, Меѓународниот велосипедистички сојуз (UCI), повикуваат на дисквалификација на возач кој ќе нападне некој на трка, судиите на трката одлучиле да не ја применат казната за Лопес. Подоцна се извинил за инцидентот, но изјавил дека возачите треба да добиваат повеќе почит од публиката. Еден ден подоцна, откако Џиро завршило, UCI објавиле дека ќе го истражуваат непостапувањето во неговиот случај.
Достигнувања
2014 1. Краен пласман Вуелта а Колумбија под 23 години 1. Етапа 4 1. Класика де Самака 1. Етапа 1 1. Етапа 2 1. Етапа 1 Класика Фусагасуга 1. 20п Краен пласман Тур де л’Авенир 1. Етапа 6 20п Планински пласман 2015 4. Краен пласман Вуелта а Бургос 1. 20п Пласман за млад возач 1. Етапа 2 (ТТТ) 1. Етапа 4 7. Краен пласман Тур де Свис 8. Национално друмско првенство 2016 1. 20п Краен пласман Тур де Свис 1. Милано-Торино 3. Краен пласман Тур де Лангкави 1. Етапа 4 4. Краен пласман Тур де Сан Луис 1. 20п Пласман за млад возач 1. Етапа 6 4. Национално друмско првенство 2017 3. Краен пласман Трка околу Австрија 1. Етапа 4 4. Краен пласман Вуелта а Бургос 1. Етапа 5 8. Краен пласман Вуелта а Еспања 1. 20п Пласман за млад возач 1. Етапа 11 1. Етапа 15 2018 2. Краен пласман Вуелта а Бургос 1. 20п Бодовен пласман 1. Етапа 3 2. Краен пласман Трка околу Оман 1. 20п Пласман за млад возач 1. Етапа 5 2. Милано-Торино 3. Краен пласман Џиро д’Италија 1. 20п Пласман за млад возач 3. Краен пласман Вуелта а Еспања 3. Краен пласман Трка Абу Даби 1. 20п Пласман за млад возач 3. Краен пласман Трка на Алпите 1. Етапа 2 2019 1. 20п Краен пласман Волта а Каталуња 1. 20п Пласман за млад возач 1. Етапа 4 1. 20п Краен пласман Трка Колумбија 1. 20п Пласман за млад возач 2. Национално хронометарско првенство 5. Краен пласман Вуелта а Еспања 1. Етапа 1 (TTT) 20п Награда за борбеност на етапа 1 и на цела трка 7. Краен пласман Џиро д’Италија 1. 20п Пласман за млад возач
Распоред на резултати
Распоред на резултатите на големите трки Голема трка 2015 2016 2017 2018 2019 20п Џиро — — —37 20п Тур — — — — — 20п Вуелта — СО835Распоред на резултатите на поголемите етапни трки Етапна трка 2015 2016 2017 2018 2019 Париз-Ница — — — — 28 Тирено-Адријатико — — — 16 — Волта а Каталуња СО 42 — —1 Трка околу Баскија — 20 — — — Тур де Романди — СО — — — Критериум ди Дофине — — — — — Тур де Свис71 СО — —
СО = се откажал; — = не учествувал
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Родени во 1994 година Категорија:Живи луѓе Категорија:Колумбиски велосипедисти Категорија:Велосипедисти на Летните олимписки игри 2016 Категорија:Олимписки велосипедисти на Колумбија Категорија:Колумбиски етапни победници на Вуелта а Еспања