Знаме на Шкотска (, ), наречено и Андреин крст (St Andrew's Cross) — државно знаме на Шкотска. За разлика од кралскиот стандард, ова знаме е достапно за употреба од сите физички и правни лица и се вее на државните установи во Шкотска секој ден од 8 ч. наутро до зајдисонце, со извесни исклучоци.

Според христијанската легенда, маченикот Апостол Андреја, заштитник на Шкотска, бил распнат на крст со облик на буквата Х кај Патра во Ахаја. Оваа иконографија првпат се јавува во земјата во 1180 г. за време на кралот Вилијам I и на печатите на старателите на Шкотска од 1286 г.

Употребата на Андреиниот крст, наречен и салтир или накосен крст (crux decussata) во упростен облик без распетие започнала кон крајот на XIV век. Во јуни 1385 г., Парламентот на Шкотска решил шкотските војници што служеле во Франција да го носат овој крст напред и одзади, како обележје на земјата од каде дошле.

Историја Андреиниот крст како знаме првпат се спомнува во Виенскиот часослов (~ 1503), каде крстот има црвена позадина. Во случајот на Шкотска, употребата на сина позадина се смета дека почнала во XV век, а можеби и порано, www.flaginstitute.org при што првиот сигурен приказ на ваквото знаме се среќава во грбовникот на Дејвид Линдзи околу 1542 г.

мини|десно|Апостол Андреја распнат на крст Според преданието, во 832 г. пиктскиот крал Енгус II ги повел во битка Пиктите и Шкотите против Англите предводени од Етелстан, која се случила кај денешен Етелстејнфорд, Источен Лотијан. Во предвечерито на битката, Енгус се зарекол дека ќе го слави Апостол Андреја како заштитник на земјата ако му даде победа. Апостолот му се појавил на кралот на сон и му ветил успех. Изутрината на небото се појавиле облаци во облик на буквата Х — крстот на кој бил распнат Апостол Андреј. Оваа појава го уверила Енгус дека апостолот е на навистина на негова страна, по што тргнал да се бори и покрај тоа што неговата војска била помалубројна. Благодарение на поволниот знак од светецот, Енгус извојувал победа и го прогласил Апостол Андреја за заштитник на земјата во знак на благодарност. Соглоасно верувањето, белиот крст на сина позадина ги претставува облаците кои се појавиле на небесното синоло.

Кралски стандард на Шкотска

мини|десно|Кралскиот стандард на Шкотска Кралскиот стандард на Шкотска, наречен и бајрак на шкотските кралеви Google Books или бујниот лав на Шкотска, Google Books е кралското знаме на земјата кое во минатото го користеле кралевите на Шкотска. Ова знаме се разликува од националното по тоа што за него важи законска одредба дека смеат да го користат само неколкумина државни великодостојници кои службено го претставуваат монархот во Шкотска. Истото се вее и на кралските дворци што се наоѓаат во земјата, кога монархот не е присутен во нив.

Поврзано Грб на Шкотска Кралски стандард на Шкотска Андреин крст

Наводи

Надворешни врски

Упатство за истакнување на знамето — Влада на Шкотска Светиот Апостол Андреја — Национален архив на Шкотска

Категорија:Национални симболи на Шкотска Категорија:Знамиња на Обединетото Кралство