„На сет глас“ - збирка поезија од рускиот поет Владимир Мајаковски (во избор на Слободан Мицковиќ), објавена од издавачката куќа „Македонска книга“ во 1970 година, а во препев на Слободан Мицковиќ.

Технички податоци Книгата е објавена во 1970 година од страна на издавачката куќа „Македонска книга“, како дел од библиотеката „Атлас“. Збирката има 87 страници и не е каталогизирана, ниту ја поседува меѓународната ознака ISBN. Книгата била отпечатена во Графичкиот завод „Гоце Делчев“ од Скопје, во тираж од 1.000 примероци. Нацртот на корицата го направил Коста Бојаџиевски, а коректор била Драга Стефанова.Владимир Мајаковски, На сет глас, Скопје: Македонска книга, 1970.

Содржина Збирката содржи осум песни и поеми: Облак во панталони Флејта - ’рбет Јас љубам Убаво постапување со коњите Прашањето на пролетта Разговор со финансинспекторот за поезијата На Сергеј Есенин На сет глас

На крајот на книгата се наоѓаат забелешки, како и поговор со наслов „Мајаковски и револуцијата“ напишан од Слободан Мицковиќ.

Наводи

Категорија:Дела на Владимир Мајаковски Категорија:Изданија на Македонска книга Категорија:Руска поезија