Љубовка — село во Светиврачко, Пиринска Македонија, денес во општината Свети Врач на Благоевградската област, југозападна Бугарија.
Географија и местоположба
Селото Љубовка се наоѓа на 17 километри источно од Свети Врач, во планински регион. Селото има три маали: горна, средна и долна. Селото се наоѓа на надморска висина од 748 метри. Атарот на селото зафаќа површина од 11.739 км2.
Историја Османлиско Царство
Во 1875 година за свештеник во селото бил поставен Алекса Анастасов, кој завршил грчко училиште во Мелник. Тој на функцијата се задржал и по 1878 годинаБългарската възрожденска интелигенция (енциклопедия), ДИ „Д-р Петър Берон“, София, 1988, стр. 33.. Црквата Света Недела била изградена во 1885 година. Во 1888 година во приватна куќа било отворено ново училиште.
Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Либовка (Libovka) се состоела од 75 куќи и 250 МакедонциМакедония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г., Македонски научен институт, София, 1995, стр. 142 – 143.
Во 1891 година Георги Стрезов за селото напишал:
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година селото имало 520 жители, сите МакедонциКънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 189..
Бугарија По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Бугарија.
Во 1919 година, на иницијатива на Ѓорѓи Менчев (1887 - 1923 година), во селото била формирана организација на БКП, во која членувале Ѓорѓи Тимев, Ѓорѓи Стојанов Тичев и други. На изборите во 1922 година, сите комунистички кандидати биле избрани за општински советници, а Менчев станал градоначалник. Бил воведен прогресивен данок на доход. Официјални лица на ВМРО ги уапсиле комунистичките советници, и по брутално испитување на 10 септември 1922 година, ги убиле во Лопово на Пирин.
Население +Население на Љубовка по попис Година 1934 1946 1956 1965 1975 1985 1992 2001 2011 2015 Жители 326 436 451 282 212 100 68 61 32 30
+Население по возраст од 2011 година:
Редовни настани 20 јули – Илинден. Во црквата „Свети Илија“ се собираат жителите на селото. 15 август – Голема Богородица. Во црквата „Успение на Пресвета Богородица“ се собираат жителите на селото.
Личности Родени Атанас Апостолов, доброволец во Македонско-одринските доброволни чети„Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав“, Главно управление на архивите, 2006, стр. 47. Ѓорѓи Менчев (1887 - 1922), деец на БКП Ѓорѓи Тимев (1887 - 1922), деец на ВМОРО и БКП Ѓорѓи Јакимов (1885 - 1922), деец на БКП Стојан Златанов, деец на ВМРО
Наводи
Категорија:Општина Свети Врач Категорија:Села во Пиринска Македонија