Крсто Љондев (роден во Неокази, Леринско - починал во 1926 во Битола) — македонски револуционер, учесник во македонското револуционерно движење, член и реонски лерински војвода на Македонската револуционерна организација.
Животопис Крсто Љондев е роден во леринското село Неокази (Леринско). Тој се приклучил на МРО и бил првично назначен за лерински реонски војвода. Во 1903 година тој зел учество во Илинденското востание како војвода на Неокази. До востанието бил четник а од 1905 година станал војвода. Во 1906 година навлегол со неговата чета во Леринско, а дејствувал и во регионот на Сетина и Попадиско како помошник на Ѕоле Стојчев.
По Младотурската револуција од 1908 година тој станал близок соработник на Јане Сандански и Народната федеративна партија. Љондев зел учество во Балканската војна и во тој период бил уапсен од страна на Грците заедно со своите 42 четници.
Се приклучил кон македонското револуционерно движење и четникувал во Леринско. Тој бил учесник во Илинденското востание во 1903 година. По Првата светска војна во периодот 1915-1918 година престојувал во Битола. По убиството на уредникот на весникот „Јужна Србија“ - Спасое Хаџи Поповиќ од страна на ВМРО во 1926 година, бил затворен и убиен од српските власти.
Наводи
Љондев, Крсто Категорија:Македонски војводи Категорија:Луѓе од Неокази (Леринско) Категорија:Македонски револуционери Категорија:Родени во 1876 година Категорија:Учесници во Илинденското востание Категорија:Дејци на Привременото претставништво на поранешната Внатрешна организација