ФК Кротоне е италијански фудбалски клуб со седиште во градот Кротоне, Калабрија. Во моментов се натпреварува во најсилната лига по ранг во Италија, Серија А.
Клубот е основан во 1910 година, под името Социета Спортива Кротоне. Инаку, моменталната сезоната 2016-2017 е прва историска за Кротоне во Серија А. Претходно клубот се натпреварувал во Серија Б 12 сезони, како и во пониските лиги во Италија во кои ги има поминато највеќето години од своето постоење.
Боите на клубот се темносина и црвена. Својте домашни натпревари Кротоне ги игра на стадионот Ецио Шида.
Стадион Својте домашни натпревари Кротоне ги игра на стадионот Ецио Шида, именуван по истоимениот фудбалер на Кротоне кој починал прерано за време на едно гостување на клубот.Stadio Ezio Scida fccrotone.it Овој фудбалски стадион е дом на клубот од неговата инаугурација во 1946 година и моментално е со капацитет од 16,640 седечки места. Досега стадионот двапати бил реновиран првпат во 2000 година, а потоа и во 2016 година непосредно по промоцијата на клубот во Серија А.
Играчи Моментален состав Сезона 2016-2017
Рекордери Статистиката е ажурирана на 29 ноември 2016
+Играчи со најмногу одиграни натпревари за КротонеМестоИме на играчотНатпревари 1 Антонио Галардо 401 2 Алфредо Кардинале 207 3 Пјетро Де Џорџо 201 4 Франческо Роси 200 5 Роберто Голфарини 196 6 Дино Паолини 183 7 Сандро Поркија 172 8 Доменико Џампа 168 9 Џузепе Абруцезе 157 10 Иван Франча 154
+Играчи со најмногу постигнати голови за КротонеМестоИме на играчотГолови 1 Андреа Дефлорио 54 2 Џузепе Тортора 38 3 Камило Чано 30 4 Каетано Проспери Калил 28 5 Денилсон Габионета 27 6 Алесандро Амбрози 24 7 Сандро Порија 23 8 Паоло Пирас 22 9 Абделкадер Гезал 22 10 Едоардо Артистико 21
thumb|right|250px|Антонио Галардо рекордерот по бројот на настапи во дресот на Кротоне.
Македонски фудбалери Стефан Ристовски : сезона 2011-2012
Стефан Ристовски исто така е првиот фудбалер кој заиграл за некоја сениорска репрезентација како играч на Кротоне, кога на 10 август 2011 тој го направил своето деби за македонската репрезентација во пријателскиот натпревар против Азербејџан.
Познати тренери Пјетро Пазинати: 1961-1962 Антонело Кукуреду: 1999-2000, 2000-2001 Антонио Кабрини: 2001-2002 Џанпјеро Гасперини: 2003-2006 Масимо Драго: 2012-2015 Иван Јуриќ: 2015-2016 - тренерот кој му донел на Кротоне историска промоција во Серија А.
Соперништва Најголеми соперници
Најголеми соперништва фудбалерите и навивачите на Кротоне имаат со калабриските екипи Катанѕаро, Реџина и Вигор Ламеција.Tifonet
Статистика Учество во првенства Ниво Категорија Учества Деби Последна сезона Вкупно 1º Серија А 1 2016-2017 1 2º Серија Б 12 2000-2001 2015-2016 12 3º Серија Ц 25 1945-1946 1977-1978 31 Серија Ц1 5 1998-1999 2007-2008 Лега Про Прима Дивизионе 1 2008-2009 4º IV Серија 5 1952-1953 1956-1957 14 Интеррегионално првенство 1 1958-1959 Серија Д 1 1963-1964 Серија Ц2 7 1978-1979 1997-1998 5º Интеррегионално првенство - 2 Кат. 1 1957-1958 8 Интеррегионално првенство 5 1981-1982 1986-1987 Државно првенство Дилетанти 2 1995-1996 1996-1997
Наводи
Надворешни врски
Официјално мрежно место на клубот Официјална страна на ФК Кротоне на Facebook
Кротоне