Емануел Бухман (; р. во ) — германски професионален друмски велосипедист, кој вози за UCI World Tour екипата .
Во 2015 година го освоил националното друмско првенство. Настапил на Тур де Франс шест пати, завршувајќи четврти во 2019 година и двапати на Вуелта а Еспања.
Кариера
Бухман е роден во Равенсбург во германската сојузна покраина Баден-Виртемберг. Моментално живее во Брегенц, Австрија.
Бора-Аргон 18 (2015-денес) 2015
мини|лево|Бухман на Тур де Франс 2015
Во 2015 година, Бухман ги победил силните германски спринтери на националното друмско првенство, кога нападнал од водечката група. Во текот на подоцнежниот Тур де Франс завршил на солидното трето место на етапа која завршувала на Кол ди Турмале.
2017
мини|Бухман (десно) завршил втор зад колегата Маркус Бургхарт на националното друмско првенство 2017
По тивката сезона 2016 завршил десетти на Тур де Романди 2017 го изгубил местото од подиумот дури во завршниот хронометар на трката. Потоа, Бухман завршил седми во генералниот пласман и го освоил пласманот за млад возач на Критериум ди Дофине 2017, една од главните трки за подготовка за Тур де Франс. Во текот на последната етапа завршил пред Крис Фрум, Алехандро Валверде и Алберто Контадор. Бухман изјавил по етапата дека бил почестен што успеал „да остане со најдобрите“ на трката. На државното првенство една недела подоцна, Бухман му помогнал за победа на колегата Маркус Бургхарт, завршувајќи на второто место. Неговата форма малку опаднала за време на Тур де Франс, каде бил одреден да работи за водачот Рафал Мајка, кој се повлекол рано на трката. На крајот завршил на 15. место.
2018
Бухман ја отворил сезоната силно, со 10. место на Трката Абу Даби. Потоа следел неговиот најдобар резултат во кариерата, четврто место на Трката околу Баскија. Завршил на 9. место на Тур де Романди и на 18. место на Трката околу Франкфурт. На Критриум ди Дофине во јуни, Бухман завршил на шестото место во генералниот пласман, повторувајќи го силниот настап од претходната година. Нападнал бројни пати на последната етапа, но бил достигнуван и ја завршил етапата како четврти. Бил избран да вози на Вуелта а Еспања 2018. Бил добар на воведните етапи. На четвртата етапа ја нападнал групата на фаворити на завршното искачување, добивајќи време во однос на нив и се искачил на второто место во генералниот пласман, на седум секунди зад предводникот на трката. Откако задоцнил на подоцнежните планински етапи, На крајот, Бухман завршил на 12. место, негов најдобар пласман на некоја голема трка дотогаш.
2019
Бухман настапил на Трката околу Баскија, освојувајќи ја петтата етапа откако нападнал на претпоследното искачување на етапата и го преземал водството на трката. Ја изгубил водечката маичка на следната завршна етапа на трката. Во завршните метри, Бухман свртел погрешно и изгубил значително време. Времето кое го изгубил поради тоа, подоцна му било вратено, со што ја завршил трката на третото место. На Тур де Романди 2019, Бухман завршил седми во генералниот пласман.
Како подготовка за идниот Тур де Франс, Бухман настапил на Критериум ди Дофине, каде завршил трет во генералниот пласман, откако Адам Јејтс ја напуштил трката на завршната етапа, предавајќи му го местото на подиумот на Бухман. Останал во добра форма на Тур, одговарајќи скоро на секој напад од другите фаворити за генералниот пласман. Додека трката да стигне до Шанзелизе, доцнел само две минути зад предводникот на жолтата маичка, заземајќи го четвртото место.
2020
Бухман ја започнал сезоната 2020 силно, освојувајќи го Трофео де Трамунтана, втората трка на Предизвик Мајорка. Бил дел од бегство кое се создало на претпоследното искачување на денот и го искористил спустот за да направи разлика, која ја одржал до целта. Негова последна трка пред сезоната да биде прекината поради пандемијата на КОВИД-19 била Трката ОАЕ, на која бил принуден да се откаже по пад. Негови следни цели откако трките се вратиле во календарот биле Критериум ди Дофине пред да ја предводи екипата на Тур де Франс. На Дофине, Бухман бил трет во генералниот пласман кога пад на четвртата етапа го принудила да се повлече. Поради здобиените повреди, неговото учество на Тур де Франс било доведено во прашања, но на крајот ја започнал трката, завршувајќи на 38. место во генералниот пласман.
2021
За 2021 година, Бухман првично избрал да го пропушти Тур де Франс, бидејќи рутата не била соодветна за неговите предности, содржејќи премногу хронометри и премалку завршници на нагорнина. Наместо тоа, одлучил да настапи на Џиро д’Италија. По слабиот воведен хронометар и губејќи секунди на првите планински етапи, Бухман ја нашол формата на етапата 11 со делови од чакал, напаѓајќи и единствено Еган Бернал можел да го следи, искачувајќи се до шестото место. Исто така, возел силно на етапата 14, која завршила на Монте Ѕонколан, задржувајќи го своето место во генералниот пласман. Меѓутоа, учествувал во масовниот пад рано на етапата 15. Иако успеал да стане од падот, докторот на трката одлучил да се повлече од трката. Бил пренесен во болница, каде добил дијагноза дека има слаб потрес на мозокот и гребаници по лицето и колкот. Во јуни, Бухман бил додаден во составот на за Тур де Франс, возејќи како поддршка за предводникот на екипата Вилко Келдерман.
Достигнувања
2010 9. Трка околу Фландрија за јуниори 10. Краен пласман Тур ди Валроми 2012 6. Краен пласман Трка околу Азербејџан 2014 3. Краен пласман Околу Јужна Чешка 1. Етапа 3 7. Краен пласман Тур де л’Авенир 7. Краен пласман ГП Каподарко 8. Краен пласман Трка околу Азербејџан 8. Краен пласман Тур Мзанси 2015 1. 20п Национално друмско првенство 1. Етапа 1 (ТТТ) Џиро дел Трентино 2016 4. Трка Руди Алтиг 8. Краен пласман Џиро дел Трентино 2017 2. Национално друмско првенство 6. Трофео Сера де Трамунтана 7. Краен пласман Критериум ди Дофине 1. 20п Пласман за млад возач 7. Краен пласман Трка на Алпите 10. Краен пласман Тур де Романди 10. Краен пласман Вуелта а Мурсија 2018 4. Краен пласман Трка околу Баскија 6. Краен пласман Критериум ди Дофине 7. Краен пласман Трка околу Полска 9. Краен пласман Тур де Романди 10. Краен пласман Трка Абу Даби 2019 1. Трофео Андрат-Љосета 2. Трофео Сера де Трамунтана 3. Краен пласман Трка околу Баскија 1. Етапа 5 3. Краен пласман Критериум ди Дофине 4. Краен пласман Тур де Франс 4. Краен пласман Трка ОАЕ 4. Гран Пиемонт 7. Краен пласман Тур де Романди 8. Џиро ди Ломбардија 2020 1. Трофео Сера де Трамунтана 9. Поленка-Андрат 2021 4. Национално друмско првенство 2022 4. Национално друмско првенство 5. Сиркуито де Гечо 6. Трофео Сера де Трамунтана 7. Краен пласман Џиро д’Италија 9. Трофео Калвија
Распоред на резултатите на етапните трки
Распоред на резултатите на големите трки Голема трка 2015 2016 2017 2018 2019 2020 2021 2022 20п|link=Генерален пласман на Џиро д’Италија Џиро————— — СО7 20п|link=Генерален пласман на Тур де Франс Тур832115—4 38 33 — 20п|link=Генерален пласман на Вуелта а Еспања Вуелта——6512— — — —Распоред на резултатите на поважните етапни трки Етапна трка 2015 2016 2017 2018 2019 2020 2021 2022 Париз-Ница — — СО — — — — — Тирено-Адријатико — 66 — — — — — 28 Волта а Каталуња style="color:#4d4d4d;" colspan=8 Трка околу Баскија — — 1343НСО 13 СО Тур де Романди — —1097 — — Критериум ди Дофине 32 20763 СО — — Тур де Свис — — — — —НСО — —
СО = се откажал; — = не учествувал; НСО = не се одржала
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Родени во 1992 година Категорија:Живи луѓе Категорија:Германски велосипедисти Категорија:Луѓе од Равенсбург Категорија:Германски велосипедски друмски прваци Категорија:Велосипедисти на Летните олимписки игри 2016 Категорија:Велосипедисти на Летните олимписки игри 2020 Категорија:Олимписки велосипедисти на Германија