Серафим II Цариградски — Вселенски патријарх во периодот од 1757 до 1761 година.
Живот
Серафим II е роден во Делвина, јужна Албанија како дете на грчки родители кон крајот на век. Пред да биде избран за Вселенски патријарх на 22 јули 1757 година тој бил митрополит во Пловдив.
Како патријарх во 1759 година тој го воведува постот на Свети Андреја на 30 ноември, и во 1760 година тој ај дал првата дозвола на Козма Аетолски да започне со мисинерска работа во селата во Тракија.
Во 1759 година го поканил Евгениј Бугарски да ги надгледува реформите во патријахалната академија и за време на неговото начелствување во академијата било под влијание на Серафимовите проруски идеали на Бугарски што придонело до приближување на Руското царство со Цариградската патријаршија.Како последица на ова Серафим II бил заменет на 26 март 1761 година и протеран на Света Гора, и бил заменет од отоманските власти со Јоаникиј III.
За време на Руско-турската војна 1768-1774 тој го поддржувал Руското царство и воспоставувањето на проруска православна држава на Балканот во 1769 година и ги поттикнувал грците да се бунтуваат против Турците. По неуспехот на востанието, во 1776 година се преселил во Украина, каде починал на 7 декември 1779 година. Погребан е во Марскиот манастир.
Наводи
Категорија:Вселенски патријарси Категорија:Починати во 1779 година Категорија:Луѓе од Делвина