Гаврил III Цариградски — Вселенски патријарх во периодот од 1702 до 1707 година.

Живот

Гаврил е роден во градот Смирна (денес Измир) од родители кој потекнувале од островот Андрос и во 1688 година тој бил избран за митрополит во Халкедон. Тој бил избран за патријарх на 29 август 1702 година и владеел сè до неговата смрт. Неговото владеење вило мирно и минало без проблеми.

Во 1704 година Гаврил го осудил изданието на Новиот завет на современ грчки превод на Серафим од Митилена и издадено во Лондон во 1703 година од страна на англиското Здружение за проповедање на заветот во странство. На 5 март 1705 година тој издал наредба со која се забранува на ученицита да заминат да учат во Лондон поради несоодветното однесување. Во 1706 година издал писмо во кое ја осудува католичката догма.

Тој исто така зема учество во работите на автономната Кипарската православна црква, заменувајќи го Герман II Кипарски по поплаките од месното население. Мелкитскиот митрополит во Алеп Атанасиј III бил назначен од Цариград за регент (проедрос) архиепископ на Кипарпри крајот на 1705 година. Во февруари 1707 година, откако Атанасиј се вратил во Цариград, Гаврил го прогласил за неканонско назначувањето на новиот архиепископ Јаков II, кој и покрај тоа бил архиепископ сè до 1718 година.

Како благодарност до родниот град Смирна, во 1706 година тој го основал училиштето каде се образовал Адамантиј Рисиј. Гаврил починал во Цариград на 25 октомври 1707 година и бил закопан во манастирот Камариотиса на островот Халки.

Наводи

Категорија:Починати во 1707 година Категорија:Вселенски патријарси