Неофит VI Цариградски — Вселенски патријарх во два наврати, од 1734 до 1740 и од 1743 до 1744 година.
Живот
Неофит е роден на Патмос, и кога митрополитот на Кајсери бил избран за патријарх под името Еремија III, тој бил избран да го наследи на местото митрополит во Кајсери. Како митрополит во Кајсери негов поважен ќин било да го возобнови во 1728 година манастиорот на Св. Јован во Кападокија.
Тој бил назначен за патријарх на 27 септември 1734 година поддржан од драгоман од Високата порта, фанариотот Александар Гика. Поради поврзаноста со драгоманот, Големиот везир наредил да го сменат по шестгодишното начелствување, во август 1740 година. Неофит повторно начествувал во кус период од мај 1743 до март 1744 година, и за време на ова начелствување му било наредено од Големиот везир да нема никаков контакт со Александар Гика.
Неговото патријархување не било одбележано со значајни настани и Неофит претежно се занимавал со манастирски прашања. Се допишувал со Никола Цинцендорф, реформаторот на Моравската црква, но не постигнал ништо значајно. По второто начелствување бил протеран на Патмос каде починал во февруари или март 1747 година.
Наводи
Категорија:Починати во 1747 година Категорија:Вселенски патријарси Категорија:Луѓе од Патмос