Џамија Чинили () или џамија Махпејке́р Ќосем Валиде́ Султа́н — џамија која се наоѓа во Истанбул, Турција.
Местоположба
Џамијата се наоѓа на азиската страна на градот Истанбул, во населбата Усќудар.
Историја
Џамијата била изградена од страна на архитектот Коџа Касим Ага, еден од најблиските соработници на Мимар Синан. Муслиманскиот храм бил изграден во османлиски стил по наредба на Ќосем султан. Изградбата започнала во 1638 и траела две години. Внатрешноста е одликувана со раскошни плочки од Изник, од каде доаѓа и името на самата џамија (Çinili-плочки). Во дворот на џамијата се наоѓа затворена фонтана. Покрај тоа, комплексот вклучува медреса, киоск и амам.
Џамијата била реновирена во 1938 и 1965 година.
Надворешни врски
Категорија:Џамии во Усќудар Категорија:Архитектура од 17 век