thumb|300px|Поглед кон стариот дел од Истанбул
Историја на османлински Констанстинопол — периодот од заземањето на Цариград од страна на Османлиите на 29 мај 1453 година до распаѓањето на Отоманското Царство во 1922 и поставувањето на главниот град на Турција да биде во Анкара на 13 октомври 1923 година.
Скоро пет векови Цариград, (Константинопол или Стамбол), бил главен град на големата држава која опстојувала како резултат на освојувањата на турските султани. Границите на Отоманското Царство опфаќале три континенти — Европа, Азија и Африка. Некогашниот антички град на бреговите на Босфорот повторно се претворил во политички и економски центар од глобално значење. Цариград постепено ја вратил својата стара слава од пред Крстоносните војни и многу бргу станал голем трговски центар. Како една од главните причини за овој голем подем на градот била стратешката географска положба како мост меѓу Азија и Европа.
Во градот се наоѓало и седиштето на калифатот преку кое градот станал важен религиозен центар во муслиманскиот свет, а овде продолжила да опстојува и Вселенската патријаршија како центар на христијанскиот православен народ. Во градот била помешена културата на Селџуците, Ромеите, Арапите и Персијците. Ова означувало дека во градот живеело население од различен етнички и религиозен карактер. Градот најголем развој имал за време на владеењето на Сулејман Величествениот, додека пак во времето на Мехмед III се почувствувал мал пад поради поразите на царството во војните во Европа. По смртта на Ахмед I во градот речиси немало изградба на нова џамија или некои позначајни градби. Влошувањето на економската ситуација довело до стагнација на културата и науката и зголемување на влијанието на западните сили во сите сферите на животот на царството и неговиот главен град.
Мехмед II
На 29 мај 1453 година, Османлиите го зазеле Цариград а самиот султан наредил тридневно ограбување на градот од страна на неговата армија, според исламската традиција. На третиот ден Мехмед II качен на бел коњ, влегол во градот преку Адријанополската порта (Едренекапи), свечено марширајќи кон центарот на градот Августајон пристигнувајќи пред Аја Софија која веднаш наредил да се претвори во џамија под името Аја Софија џамија кабир или Големата џамија на Света Софија. За претворање во џамија било потребно да се изгради минаре за муезинот за да ги повикува верниците на молитва, како и некои внатрешни промени како изградба на минбер (говорница) и михраб (насока кон Мека).
Поголемиот дел од градот бил ограбен додека некои области како Студион и Петрион останале недопрени. Самиот град постепено започнал да се нарекува ИстанбулСпоред друга верзија, името "Истанбул" е фонетски изведен збор од грчкиот „ејс тин полин“, што значи „градот“. Османлиите во буквален превод името го преведувале како „кон градот“. Муслиманските освојувачи често градот го нарекувале Исламбол, односно град полн со ислам., иако Османлиите официјално никогаш не го промениле името на градот. Подоцна, благодарение на подемот на грчките драгомани (преведувачи), името Цариград (Цариград) повторно започнало широко да се употребува во османлиската дипломатија , посебно во христијанска Европа.
По крајот на грабежите, една петтина според традицијата паднала во негова сопственост. Така, својот дел од грчките робови наредил да бидат населени кај месноста Фенер која станала позната како грчка населба на градот. Освен тоа, султанот наредил иселување на жителите на грчките села по должината на Босфорот. Повеќе од 30.000 Римјани (жители на туку што освоената Римско Царство) и Латини (поим за западноевропските католички народи) биле продадени на пазарите за робови во Едрене, Бурса, Галиполе, Анкара и Пловдив. Според некои извори, во времето на освојувањето на Цариград во околината живееле околу 70.000 луѓе од кои 50.000 биле продадени во ропство или присилени на егзил, додека околу 10.000 останале во градот како слободни граѓани. Исто така биле извршени и неколку погубувања по судски пат врз венецијански и џеновски граѓани како и врз каталонскиот конзул и неколку други негови сонародници. Лука Нотарас, кој Мехмед најприн сметал да го назначи како нов префект на осланлиски Цариград најпрвин бил поштеден од погубување, но по одбивањето да се откаже од својот син во полза на султанот, тој бил погубен. Неколку значајни личности успеале да побегнат од градот, како кардиналот Исидор Киевски, архиепископот Леонард Хиос, Георгиј Сфранцес итн. Мехмед наредил да бидат разрушени и дел од ѕидините околу кулата Галата и целото оружје да биде запленето. Галата долго време го задржила својот христијански дух а султанот им забранил на муслиманите да се населат во овој дел од градот поради кое Галата не се сметала како дел од градот туку како место каде живееле неверниците. Управителот на Галата Ломелино заедно со неговите синови морале да стапат во служба на султанот додека неколку девојки биле однесени во султанскиот харем.
На почетокот на јуни 1453 во Аја Софија во придружба на султанот за првпат се одржала петочната молитва. Во дворот на џамијата биле поставени две дрвени минариња, крстот од куполата бил променет со полумесечина додека фреските и мозаиците во внатрешноста на храмот биле покриени со вар, освен четирите ангели кои се наоѓале веднаш под сводовитеСпоред некои извори, второто минаре било поставено во времето на Бајазид II, додека во времето на Селим II преостанатите две. во внатрешноста на џамијата имало михраб и минбер. Во текот на овој период започнало и испишување на калиграфски писма во внатрешноста на ѕидовите, посветени на пророкот Мухамед и првите калифи.. На ист начин поголемиот број на византиски цркви биле претворени во џамии и текиња. Но Мехмед II задржал голем број од паганските симболи на градот како столбот на Јустинијан од плоштадот Августајон, Змискиот столб и обелискот на Теодосиј од хиподромот итн. Столбот на Јустинијан бил соборен по некое време кога некои астролози го убедиле на султанот. Дел од фрагментите од статуата биле однесени во Топкапи-сарај, пред да бидат потопени за создавање на топови во следниот век. Златната порта, преку која поминувале римските цареви и преку која се сметало дека треба да се врати Константин XI Палеолог, била соѕиденаСпоред легендата, кога Османлиите го нападнале Цариград, еден ангел го спасил последниот римски цар сокривајќи го во една пештера под Златната порта, каде што чекал да излезе и да го врати градот на христијаните. Името на Адријанополската порта било променето во Едрене капи, станувајќи симбол на османлискиот триумф и место каде биле одржувани годишни церемонии и прослави по повод заземањето на градот. Преку духовниот ментор на султанот, шеикот Акшемсетин, Мехмед наредил изградба на Ејуп Султан џамија. Оваа џамија била изградена прва по заземањето на градот бидејќи во неа се наоѓа гробот на Абу Ајуб ал-Ансари кој бил наследник на муслиманскиот пророк Мухамед. Ансари загинал за време на Опсадата на Цариград во 674 година.
Османиските власти се обиделе бргу да ја вратат економската важност на градот преку повикување на сите народи кои живееле во освоените делови од царството и кои традиционално се занимавале со трговија и занаетчиство, да се населат во Цариград. Така турското население од Аксарај, Караман и Самсун како и ерменското од Бурса, Токат, Сивас, Кајсери, грчкото од Синоп, Трабзон и егејските острови и евреите од Солун биле населени во новата престолнина. Во градот некогаш постоеле населби населени со Ерменци, Турци и Грци. Мехмед ги повикал да се вратат во своите домови кои ги напуштиле во времето на Византија, доделувајќи им бенефиции во нивната трговија. На овој начин во градот се населиле голем број на занаетчии, трговци, морнари, инженери кое довело до зголемување на бројот на населението на градот. Неемуслиманското население немало воена обврска туку им бил наложен посебен данок. Султанот назначил везир кој бил одгворен за одржување на редот на градот, наредил реконструкција на оштетените ѕидини, владини објекти, приватни куќи и каналите за снабдување со вода. Исто така биле потпишани договори со италијанските трговски градови за размена на стока. На Џеновската република и биле задржани привилегиите во Галата а подоцна на Венецијанците и на Франките им било дозволено да се населуваат во тој дел од градот.
thumb|left|250px|Фатих џамија
Мехмед наредил на Грците избор на нов православен патријарх. Така Генадиј Сколариј станал новиот патријарх на Цариградската патријаршија. Церемонијата за неговото прогласување за патријарх се одвила во црквата на Светите Апостоли како втор најголем и најважен храм во градот за христијаните во јануари 1454 година. Црквата станала катедрално седиште на патријаршијата. Според новиот закон, царевиградскиот патријарх станал одговорен не само за однесувањето на грчките христијани во градот, туку и за сите православни христијани во целото царство во Мала Азија, Грција, Македонија, Бугарија, Романија, Србија и Албанија покрај патријарсите на Ерусалим, Антиохија и Александрија. Во овој период биле поштедени неколку цркви во градот, но на христијанските верници им било наложено да носат посебна облека и им било забрането да носат оружје. Христијанското население во градот плаќало данок наречен џизија.
Во 1456 година седиштето на патријаршијата било преместено во манастир Богородица Памакаристос. Во зимата 1457-1458, Мехмед конечно својата резиденција ја пренесел од Едрене во Цариград и тоа во Ески-сарај (денешен Истанбулски универзитет) во близина на форумот на Теодосиј. Во овој период продолжила и реставрацијата на ѕидините во јужниот дел на градот каде биле изградени три поголеми кули кај некогашната Златна порта во внатрешноста на ѕидините, формирајќи тврдина од седум кули која тврдина денеска е позната како Еди-кулеОсманлиите ја обновиле тврдината и ја претвориле во затвор. Во овој затвор биле задавени седум султани, биле измачувани до смрт десетици принцови, визери или државници. По погубувањето, нивните тела биле фрлени во еден длабок бунар, наречен крвавиот бунар. Овде биле затворени и рускиот амбасадор Питер Толстој, Алексеј Обресков итн.. Овде најпрвин бил сместен султанскиот трезор и архива а подоцна тврдината служела како затвор. Во 1461 година била основана Вселенската патријаршија на Ерменската Апостолска црква а истата 1461 година била разрушена црквата на Светите Апостоли заедно со бројните гробници на византиските цареви и патријарси на Цариград. На ова место во 1470 година била изградена Фатих џамија како комплекс од згради кој вклучува медреса, библиотека, болница, бања, кујна и ан. Во градината на џамијата бил погребан султанот Мехмед II, кој починал во мај 1481 година. Во соседните сводови била погребена мајката на Мехмед, Хума Хатун.
Во ноември 1463 година во тврдината Еди-куле бил погубен последниот цар на Трапезунтското Царство, Давид заедно со неговите синови поради одбивање да го прифати исламот. Во 1464 година била изградена џамијата Махмуд Паша а во 1466 џамијата Мурат Паша. Овие џамии не се разликувале од џамиите кои претходно биле градени во Бурса и Изник, но во следниот период Османлиите започнале да го користат искуството на византиските архитекти. Истата година, црквата Свети Пантократор била претворена во џамија Зејрек, а дел од манастирските простории биле претворени во медреса. Истата 1466 година на местото на античкиот Акропол започнала изградбата на новата палата на султанот позната како Топкапи-сарај. По изградба на првите објекти меѓу кои и чинили киоск, резиденцијата на султанот била преместена од Ески-сарај во Топкапи-сарај и оваа палата останала седиште на османлиските султани до XIX век. Ески-сарај во следните два века служел како место каде живееле султанските вдовици и наложници.