мини|исправено=1.35|Градскиот дом Градски дом () — градба во Виена, седиште на градоначалникот и градскиот совет. Воедно ова е управа и собрание (ландтаг) на сојузната покраина Виена.

Историја Зданието е дело на Фридрих фон Шмит и е изградено во неоготски стил помеѓу 1872 и 1883 г. На врвот од кулата стои статуата наречена Ратхаусман („Градодомец“), еден од симболите на Виена. Пред домот се протега големиот парк Ратхауспарк, наречен по зградата.

Во градскиот дом е сместен и историскиот ресторан „Винер Ратхаускелер“ (Wiener Rathauskeller, Виенска градодомна визба). Се состои од неколку барокни сали и нуди традиционални деликатесни закуски на гала-вечери.

Обновувања На 27 септември 2012 г. започнало обновувањето на објектотhttp://www.austriantimes.at/news/General_News/2012-09-26/44401/Rathaus_to_get_a_new_look, предвидено да трае до 2023 г. со цена од 35 милиони евра. Работата е поделена на 11 фази и покрива простор од . Во 2000 г. свечено се отворени необарокниот салон „Цирер“ и преуредената сала „Ланер-Лехар“ со тавански живопис од германскиот сликар на оптички мамки Рајнер Марија Лацке.

Галерија

Наводи

Надворешни врски

Градски дом - Виена Градски дом - Виена — Завод за државни споменици Градска управа на Виена

Категорија:Згради и градби во Виена Виена