Хадим Синан-паша (, „Синан-паша Евнухот“; исто така познат како Синан-паша Боровиниќ; п. ) — отомански државник и Голем везир.

Живот Потекло и ран живот

Според документите, благородничкото семејство Боровиниќ биле од Источна Босна. Неговиот наследник Твртко Боровинич (1417–46) — близок роднина на босанскиот војвода Радослав Павловиќ, кому му служел.

Санџак-бег

Од декември 1496 година бил санџак-бег на Босна. Од 1504 до 1506 бил санцак-бег на Херцеговина. Во 1507–08 ја проширил џамијата во Мостар изградена во 1473 година од поранешниот Синан-паша кој бил првиот санџак-бег на Херцеговина. Потоа бил санџак-бег на Смедерево помеѓу 1506 и 1513 година.

Беглербег и Голем везир

Во 1514 година бил беглербег на Анадолија. Во Битката кај Чалдиран против сефевидска Персија бил поставен за главен на десното крило. По битката бил поставен како беглербег на Румелија, попрестижно место од претходното.Ayhan Buz:Osmanlı Sadrazamları, Neden Kitap, İstanbul, 2009 ISBN 978-975-254-278-5 p 33 Негова следна мисија било освојувањето на Дулкадирид, денес во јужна Турција. Го поразил Бозкур од Дулкадирид во битката на Турнадаѓ. По освојувањето, Селим I го назначил за Голем везир на 25 април 1516 година. Синан бил омилениот везир на Селим. Бил активен во освојувањето на Сирија и Египет. На 28 октомври 1516 година ја поразил египетската мамелучка војска во Кан Јунис, близу Газа, Палестина.Joseph von Hammer:Osmanlı Tarihi cilt I (condensation: Abdülkadir Karahan), Milliyet yayınları, İstanbul. p 275 Следната година се борел во Битката кај Рајденије во Египет на 22 јануари 1517 година. Со отоманската традиција во борбите, султанот бил скоро секогаш во средиштето. Но, Битката кај Рајденије била исклучок. Селим I одлучил самиот да ги заокружи Мамелуците и го назначил Синан во средиштето. Планот бил успешен и Мамелуците биле поразени. Меѓутоа, пред да заврши битката, Мамелуците го нападнале отоманското средиште и го убиле Синан, мислејќи дека бил султанот.Prof. Yaşar Yüce-Prof. Ali Sevim: Türkiye tarihi Cilt II, AKDTYKTTK Yayınları, İstanbul, 1991 p 248-249 По битката, Селим ја изразил својата жал, велејќи „Ја освоивме битката, но го изгубивме Синан“.

Семејство

Се оженил со ќерката на Бајазит II (р. 1481–1512).

Поврзано Список на Големи везири на Отоманското Царство

Наводи

Категорија:Големи везири на Отоманското Царство од 16 век Категорија:Отомански управители на Анадолија Категорија:Отомански управители на Румелија Категорија:Отомански управители на Босна Категорија:Починати во 1517 година Категорија:Отомански евнуси Категорија:Паши Категорија:Данок во крв Категорија:Отомански Бошњаци Категорија:Родени во непозната година Категорија:Големи везири на Селим I