Султанзаде Мехмед-паша (1603 – јули 1646) — осмналиски Голем везир. Неговиот епитет „султанзаде“ значи „син на османчлиска принцеза,“Muhammad Pasha, Sultan Zade, J.H.Kramers, First Encyclopedia of Islam:1913-1936, Ed.M. Th Houtsma, (E.J.Brill, 1993), 693. Миримах, ќерка на Сулејман I била една од неговите сестри. Исто така и двајца други поранешни везири Рустем-паша и Јусуф Синан-паша биле негови дедовци. Понекогаш се користеле и епитетите Џиванкапиџибаши (позиција во сарајот) и семиз (дебел).
Младост
Мехмед-паша бил внук на Јемишчи Хасан-паша.
Во 1638 година, Мехмед-паша бил назначен за управник на Египет. три години подоцна, за време на владеењето на Ибраим I, тој се вратил во Цариград како везир во османлискиот диван. Во 1641 година, тој бил назначен за владетел на Озу (денешен Очакив во Украина) и бил задолжен да ја заземе тврдината Азак (денешен Азов во Русија), кој неодамна бил освоен од Козаците. Тој успеал да ја заземе тврдината и во 1643 година бил назначен за управника на Дамаск. Ова назначување најверојатно се должи на тајната борба за надмоќ меѓу него и Големиот везир Кеманкеш Мустафа-паша.Ayhan Buz: Osmanlı Sadrazamları, Neden Kitap, İstanbul,2009, ISBN 978-975-254-278-5, p.99
Како управник на Египет
Мехмед-паша бил назначен за управник на Египет во 1638 година.Süreyya, Bey Mehmet, Nuri Akbayar, and Seyit Ali. Kahraman. Sicill-i Osmanî. Beşiktaş, İstanbul: Kültür Bakanlığı Ile Türkiye Ekonomik Ve Toplumsal Tarih Vakfı'nın Ortak Yayınıdır, 1890. Print. Во февруари 1638 година, султанот Мурат IV наредил Мехмед-паша да му испрати 1.500 војници да му помогнат во освојувањето на Багдад. Војската се мобилизирала во мај 1638 година, и се вратиле во Египет во јуни 1639 година откако успеале да го заземат градот.
Според одредени тврдења, Мехмед-паша ограбил многу од месните емири и улеми, и дека истото му го сторил и на населението изнудувајќи значајни суми од земјоделците. Сепак, кога му испратил извештај за трошоците за социјални услуги на султанот, Мурат IV му наредил да ги запре сите исплати на жените, ова создало незадоволство меѓу населението, бидејќи поголемиот дел од овие жени биле сиромашни вдовици.
Од неговото стапување на должност, Мехмед-паша и месниот емир, Ридван Беј ел-Факри, споделувале меѓусебна омраза. Иако првично Ридван првично ја стекнал довербата на Мехмед-паша ветувајќи му голема сума на пари во замена да го назначи за командант на одредот испратен до султанот за Багдад, нивниот однос се влошил во моментот кога Ридван не ја исплатил договорената сума, па Мехмед-паша ги задржал тие пари од исплатата за трошоците за карванот и војската. Кога Ридван се налутил и протестирал пред пашата, тој попуштил и му ги дал парите, ветувајќи дека ќе му се одмазди на друг начин. Оваа можност се укажала кога починал османлискиот управник на Хадеш.Мехмед-паша го убедил султанот дека Ридван треба да го наследи мртвиот управник по што Ридван бил отповикан од походот кон Багдад. Во меѓувреме, тој назначил друг емир на неговото место во Еипет, кога Ридван пристигнал во Каиро, Мехмед-паша го испратил во Цариград. Кога војската се вратила во Каиро подоцна, Мехмед-паша продолжил да го запленува имотот на Ридван. Кога ридван пристигнал во Цариград, султанот за малку ќе го погубел бидејќи не дошол во Багдад и бидејќи навреме не го зазел местото управника на Хабеш. Иако неговите поддржувачи го спасиле од погубување, тој бил затворен. Сепак, повторно бил вратен на старата позиција од слениот султан, Ибрахим I, и повторно ги стекнал сите имоти кои му биле одземени од Мехмед-паша.
По крунисувањето на новиот султан Ибрхим I, Мехмед-паша не ги добил обичајните подароци кои управниците ги добивале при назначувањето на новите султани, по што помислил дека не му се допаѓа на новиот султан. ова негово мислење се покажало како точно, султанот го разрешил во 1640 година и го поставил за управител на помалку значајната Хејаз. Мехмед-паша првично одбил да ја плати големата сума која наводно ја должел на египетскиот трезор, но на крајот сепак ја платил.
Како Голем везир
Во 1644 година, Мехмед-паша го наследил Кеманкеш Мустафа-паша кој бил погубен. Кеманкеш Мустафа бил жртва на сплетки во периодот на Султанатот на жените, вклучувајќи го тука и шарлатанот Џинџи-оџа. Знајеќи за влијанието на Џинџи-оџа и знаејќи ја судбината на претходниот Голем везир, Мехмед-паша бил мошне внимателен при управувањето и така станал неделотворен Голем везир. Тој станал сикофант на султанот. Според лордот Кинрос,Lord Kinross: The Ottoman centuries (translated by Meral Gaspıralı) , Altın Kitaplar, İstanbul, 2008, ISBN 978-975-21-0955-1, p306 еден ден султанот го прашал Мехмед-паша зашто никогаш не се противи на неговите мислења, на што мехмед-паша одговорил, „Секое мислење на султанот има длабоко афоризмично значење иако обичните подредени не можат да го разберат.“ Иако бил против објавувањето на војна против Венеција,Prof. Yaşar Yüce-Prof. Ali Sevim: Türkiye tarihi Cilt III, AKDTYKTTK Yayınları, İstanbul, 1991 p. 90 неговите внимателни противења не биле земени предвид со што започнала Критската војна во 1645 година (која финансиски ги исцрпила двете страни).
Подоцнежни години Во 1645 година, султанот Ибрахим го разрешил Мехмед-паша. Неговата следна мисија била на Крит, кој во тој момент бил местото на кое започнала војната, како командант на војската (). Набрзо, Мехмед-паша починал во јули 1646 година.
Поврзано Список на Големи везири на Отоманското Царство Список на османлиски управници на Египет
Наводи
Категорија:Починати во 1646 година Категорија:Големи везири на Отоманското Царство од 17 век Категорија:Паши Категорија:Отоманска династија Категорија:Родени во 1603 година Категорија:Отомански управители на Египет Категорија:Несигурна година на раѓање