Делчевско-каменичката епархија — една од 15-те епархии на Македонската православна црква. Формирана е со одлука на синодот во 2023 година и за нејзино седиште е избран градот Делчево, како дел од процесот за интеграција на Православната Охридска Архиепископија. За архијереј е избран епископот Марко Делчевско-каменички, поранешен епископ на ПОА. Ова архијерејско намесништво ги опфаќа градовите Делчево и Македонска Каменица, заедно со селата во Пијанец.
До 2023 година епархијата била дел од Брегалничката епархија како архијерејско намесништво.
Парохии Намесништвото е поделено на неколку парохии: Прва делчевска парохија - сместена во црквата „Св. Богородица“ во Делчево; Втора делчевска парохија - со манастирите: „Источен петок-Балаклија“ и „Св. Кирил и Методиј“ во Делчево; Ѕвегорска парохија -парохија со седиште во црквата „Св. Јован Крстител“ во село Ѕвегор. Други позначајни храмови во парохијата се: црквата „Св. Димитриј“ во село Габрово, манастирот „Св. Петка“ во село Селник, црквата „Св. Архангел Михаил“ во село Драмче, црквата „Св. Ѓорѓи“ Ферман за изградба и доградба на црквата св. Ѓорѓија во с. Град, Делчевско, Гласник на ИНИ, XIX/1, Скопје, 197-200 во село Град и други. Прва каменичка парохија - сместена во црквата „Св. Илија“ во Македонска Каменица. Парохоски свештеник е Димитар Темелков (сос. 2016); Втора каменичка парохија - сместена во црквата „Св. Илија“ во Македонска Каменица. Парохоски свештеник е Ванчо Џаџовски (сос. 2016); Трета каменичка парохија - сместена во црквата „Св. Илија“ во Македонска Каменица. Парохоски свештеник е Николчо Воиноски (сос. 2016);
Наводи
Категорија:Епархии на МПЦ Категорија:Делчевско-каменичка епархија