Кејлеб Јуан (; р. во ) — австралиски професионален велодромски и друмски велосипедист, кој вози за UCI World Tour екипата . Негова специјалност е спринтот. Има сличен стил на возење на Марк Кевендиш, со исклучително ниска положба што му дава значајна аеродинамична предност.

Животопис

Јуан е роден во Нов Јужен Велс во семејство на корејска мајка и австралиски татко. На осум години започнал да вози, поттикнат од неговиот татко, кој исто така бил велосипедист. Јуан започнал со трки во велосипедизам на десет години. Во 2010 година станал национален јуниорски друмски првак. Следната година освоил повеќе дисциплини на националните јуниорски велодромски првенства и станал светски првак во омниум на Светското јуниорско велодромско првенство.

Во 2013 година, Јуан започнал да вози за Џајко-АИС Академија. Таа година ја освоил првата етапа како и генералниот пласман на Заливскиот класик. Исто така, победил на Ла Кот Пикард, Гран Премио Палио дел Речото и етапи на Тур Алзас, Трката околу Тирингија и Тур де л’Авенир. На крајот на годината завршил четврти на друмската трка под 23 години на Светското друмско првенство.

Јуан потпишал преддоговор со екипата во октомври 2013 година, приклучувајќи се на екипа од Светската турнеја како стажант од август 2014 година и како професионален од октомври. На почетокот на август, пред да се приклучи на екипата, Јуан учествувал на друмската трка на Комонвелтските игри 2014, настапувајќи за Австралија. Австралиската репрезентација се обидела да ја контролира трката за спринт на Јуан, но не успеале во тоа. Откако се обидел да стигне сам до тројцата предводници, се повлекол назад и бил последен кој ја поминал целта; завршил на 12. место, над 11 минути зад освојувачот на златниот медал Герајнт Томас (Велс).

Негови први професионални победи биле втората и третата етапа на Хералд Сан Тур 2015. Еден месец подоцна, на Тур де Лангкави ја освоил втората професионална победа и водството во генералниот пласман. Иако го загубил водството на трката, Јуан ја освоил втората етапа (трета победа во кариерата) и бодовниот пласман. Бил вклучен во почетниот состав за Вуелта а Еспања 2015, каде ја освоил петтата етапа, но се повлекол од трката на десеттата етапа.

Во 2016 година, Јуан учествувал на Тур Даун Андер и ја освоил првата етапа во масовен спринт. Стигнал со втора победа и на шестата етапа. Победил и на втората етапа на Хералд Сан Тур, уште една австралиска трка. Бил вклучен во почетниот состав за Џиро д’Италија 2016. Возел на Џиро д’Италија 2017, каде што ја освоил седмата етапа во групен спринт.

Во јули 2019 година учествувал на Тур де Франс 2019 и на единаесеттата етапа го поразил Дилан Груневеген во тесен спринт во Тулуза.Official Tour de France site. Retrieved 17 July 2019. Ја освоил етапата 16 на Тур де Франс во Ним, тесно поразувајќи го Елија Вивијани, а победил и на познатата завршна етапа во Париз на Шанзелизе, повторно тесно победувајќи го Груневеген.

Тој бил последен на Тур де Франс 2022, завршувајќи над 5 часа позади крајниот победник Јонас Вингегор.

Достигнувања Друмски

2010 1. 20п Национално јуниорско друмско првенство 2011 1. 20п Национално јуниорско хронометарско првенство 2012 Национални јуниорски друмски првенства 1. 20п Хронометар 2. Друмска трка 1. Гент-Менен 1. Етапа 4 Реџо-Тур јуниори 1. Етапа 2б Лиеж-Ла Глез 2. 15п Светско јуниорско друмско првенство 2. Трофео Комуне ди Вертова 2. Трофео Емилио Паганеси 3. Краен пласман Кезер дер Јуниорес 2013 1. ГП Палио дел Речото 1. Ла Кот Пикард Трка околу Тирингија 1. 20п Бодовен пласман 1. Етапа 4 1. Етапа 7 Тур де л’Авенир 1. Етапа 1 1. Етапа 2 1. Етапа 2 Тур Алзас 3. ГП Индустри дел Мармо 4. Светско друмско првенство под 23 години 8. Трофео Пива 2014 1. 20п Национално друмско првенство под 23 години 1. Етапа 2 Тур де л’Авенир 2. 15п Светско друмско првенство под 23 години 2. Трофео Чита ди Сан Вендемијано 6. Трофео Пива 2015 1. 20п Краен пласман Тур де Кореја 1. 20п Бодовен пласман 1. 20п Пласман за млад возач 1. Етапа 2 1. Етапа 3 1. Етапа 5 1. Етапа 7 1. Вуелта а Ла Риоха Тур де Лангкави 1. 20п Бодовен пласман 1. Етапа 3 1. Етапа 6 Хералд Сан Тур 1. Етапа 2 1. Етапа 3 1. Етапа 5 Вуелта а Еспања 2. Национално друмско првенство 2016 1. ЈуроАјс Класик 1. Тур Даун Андер 1. Етапа 1 1. Етапа 6 1. Етапа 8 Трка околу Британија 1. Етапа 2 Хералд Сан Тур 2017 Тур Даун Андер 1. 20п Бодовен пласман 1. Етапа 1 1. Етапа 3 1. Етапа 4 1. Етапа 6 Трка околу Британија 1. Етапа 1 1. Етапа 3 1. Етапа 6 1. 20п Бодовен пласман Тур де Јоркшир 1. Етапа 7 Џиро д’Италија 1. Етапа 4 Трка околу Полска 1. Етапа 4 Трка Абу Даби 1. Пиплс Чојс Класик 10. Милано-Санремо 2018 1. Класика де Алмерија 1. Етапа 2 Тур Даун Андер 1. Етапа 8 Трка околу Британија 2. Милано-Санремо 4. Национално друмско првенство 2019 1. Бриселски велосипедски класик Тур де Франс 1. Етапа 11 1. Етапа 16 1. Етапа 21 Џиро д’Италија 1. Етапа 8 1. Етапа 11 Трка околу Турција 1. Етапа 4 1. Етапа 6 1. Етапа 4 Трка ОАЕ 1. Етапа 4 ЗЛМ Тур 2. Голема океанска друмска трка „Кедел Еванс“ 2. Јуроајс Класик 2020 1. Схелдепрејс Тур де Франс 1. Етапа 3 1. Етапа 11 Тур Даун Андер 1. Етапа 2 1. Етапа 4 Трка ОАЕ 1. 20п Бодовен пласман 1. Етапа 2 1. Етапа 1 Тур де Валони 2. Милано-Торино 7. Голема океанска друмска трка „Кедел Еванс“ 2021 Џиро д’Италија 1. Етапа 5 1. Етапа 7 Трка околу Белгија 1. 20п Бодовен пласман 1. Етапа 3 1. Етапа 4 1. Етапа 5 Трка Бенелукс 1. Етапа 7 Трка ОАЕ 2. Милано-Санремо 2022 1. Гран при де Фурмје Трка околу Турција 1. Етапа 1 1. Етапа 6 1. Етапа 3 Тирено-Адријатико 1. Етапа 1 Тур де Алпс-Маритим ет ди Вар 1. Етапа 1 Трка околу Саудиска Арабија 1. Етапа 1 Трка околу Белгија 2. Курне-Брисел-Курне 2. Елфстеденронде 2. Фландриско првенство

Распоред на резултатите на големите трки

Голема трка 2015 2016 2017 2018 2019 2020 2021 2022 20п Џиро—СОСО—СО — СО СО 20п Тур————132 144 СО 135 20п ВуелтаСО———————

Распоред на резултатите на класиците

Монумент 2016 2017 2018 2019 2020 2021 2022 Милано-Санремо —102 29 1132 — Трка околу Фландријане настапил во текот на својата кариера Париз-Рубе Лиеж-Бастоњ-Лиеж Џиро ди Ломбардија Класични трки 2016 2017 2018 2019 2020 2021 2022 Курне-Брисел-Курне 15 — — — — —2 Гент-Вевелгем — 101 — — СО — — Схелдепрејс — — — —1 — — Хамбуршки класик1 34 —2НСО 88 Бриселски велосипедски класик — — —1 — — — Милано-Торино — — — —2 — — Париз-Тур 178 — — — — —

СО = се откажал; — = не учествувал; НСО = не се одржала

Критериуми

2012 2. Краен пласман Заливски класични серии 1. Етапа 2 1. Етапа 4 2013 1. 20п Краен пласман Заливски класични серии 1. Етапа 1 2014 3. Краен пласман Заливски класични серии 1. Етапа 4 3. Даун Андер Класик 2015 1. 20п Краен пласман Заливски класични серии 1. Етапа 1 1. Етапа 2 1. Етапа 3 2. Државно првенство 2016 1. 20п Државно првенство 1. 20п Краен пласман Заливски класични серии 1. Етапа 1 1. Етапа 2 1. Етапа 4 1. Даун Андер Класик 2017 1. 20п Државно првенство 1. Даун Андер Класик 3. Краен пласман Заливски класични серии 1. Етапа 3 2018 1. 20п Државно првенство 3. Даун Андер Класик 2019 1. Даун Андер Класик 2. Краен пласман Заливски класични серии 1. Етапа 2 1. Етапа 3

Велодромски велосипедизам

2011 1. 20п Светско јуниорско првенство во омниум Национални јуниорски првенства 1. 20п Омниум 1. 20п Бодовна трка 1. 20п Медисон 2. Екипна потера 3. Скреч 2012 Национални јуниорски првенства 2. Медисон 2. Бодовна трка 3. Скреч 3. Екипна потера 2. Океански првенства - поединечна потера 2013 2. Државно првенство - екипна потера

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Родени во 1994 година Категорија:Живи луѓе Категорија:Луѓе од Сиднеј Категорија:Австралиски велосипедисти Категорија:Велодромски велосипедисти Категорија:Австралиски етапни победници на Вуелта а Еспања Категорија:Австралијци со корејско потекло Категорија:Австралиски етапни победници на Џиро д’Италија Категорија:Австралиски етапни победници на Тур де Франс