Трихуријаза, позната и како инфекција од нематодни црви, е инфекција предизвикана од паразитски црв Trichuris trichiura (нематоден паразитски црв). Ако инфекцијата е предизвикана од неколку црви, тогаш нема никакви симптоми. Оние кои се инфицирани со многу црви, можно е да имаат стомачна болка, замор и дијареја. Понекогаш дијарејата содржи крв. Инфекциите кај децата може да предизвикаат слаб интелектуален и физички развој. Може да дојде до ниски граници на црвени крвни клетки поради загубата на крв.

Причинители Болеста најчесто се шири кога луѓето јадат храна или пијат вода во која има јајца од овие црви. Ова може да настане кога загадениот зеленчук не е убаво исчистен или приготвен. Овие јајца често се во почвата на места каде луѓето вршат физиолошка потреба во природа и каде необработениот човечки измет се користи каковештачко ѓубриво. Овие јајца потекнуваат од изметот на инфицираните луѓе. Децата кои играат со ваквата почва и ги ставаат рацете во уста, лесно може да се инфицираат. Црвите живеат во дебелото црево и се долги четири сантиметри. Нематодниот, паразитски црв се дијагностицира со гледање на јајцата кога се испитува столицата под микроскоп. Јајцата имаат форма на цилиндар.

Превенција и лекување Превенцијата се прави со правилно приготвување на храната и миење на рацете пред да започнете со готвење. Другите мерки вклучуваат подобрен пристап до канализација како што е употребата на функционални и чисти тоалети, како и пристап до чиста вода. На места од светот каде што инфекциите се појавуваат, многу често цели групи на луѓе се лечат наеднаш и регуларно. Третманот трае три дена, во кои се земаат лековите: албендазол, мебендазол или ивермектин. Луѓето често се заразуваат по третманот.

Епидемиологија Инфекцијата од нематодни, паразитски црви инфицира од 600 милиони до 800 милиони луѓе низ светот. Најчеста е во тропските земји. Кај земјите во развој, оние кои се заразени со нематодни, паразитски црви многу често имаат инфекции од анкилостома и аскаријаза . Тие имаат огромен ефект врз економијата на многу земји. Се прават напори за откривање на вакцина против болеста. Трихуријазата се смета за запоставена тропска болест.

Наводи

Категорија:Паразитски болести Категорија:Тропски болести