мини|десно|250п|Пешачник Пешачник, плочник или тротоар () — пешачка патека долж една улица. Обично се прават од асфалт, цемент, тули, камен или гума. Во XIX век и раниот XX век, на некои места често можело да се најдат и пешачници од дрво. Ваквите пешачници можат сѐ уште да се најдат на крајбрежни места во облик на шеталишта. Кога е потребно да се даде привлечност на еден пешачник се користат камени плочи (плочник). На други места се користат претходно изработени цементни плочи кои се вградуваат во ископани леи. Пешачниците најчесто имаат рабници кои ги двојат од самата улица.
Изработка на пешачници Пешачниците најчесто се изработуваат од асфалт или цеменет. Додека постојат пешачници и од чакал, дрво, гума и други материјали, ваквите патеки не се нарекуваат пешачници. Тулите и каменот се исто така чести. Цементните пешачници се изработуваат од блокови за да им се даде простор да се шират и теснат без да се појавуваат пукнатини.
Тротоарот како мотив во уметноста и во популарната култура „Подвижниот тротоар“ — расказ на италијанскиот писател Џани Родари.Џани Родари, Приказни по телефон. Култура, Македонска книга, Мисла, Наша книга и Детска радост, Скопје, 1993. „Тротоари“ — песна на словенечкиот рок-музичар Марко Брецељ од 1981 година.YouTube, Marko Brecelj - Majmuni (пристапено на 22.3.2022) „Тротоар“ (англиски: Pavement) — американска рок-група, активна во периодот 1989-1999 година.Discogs, Pavement (пристапено на 16.4.2021)
Поврзано Кафуле Рабник Пешачнички приод Јавен простор
Наводи
Категорија:Сообраќајна инфраструктура Категорија:Патна инфраструктура Категорија:Уличен мебел Категорија:Пешачки патеки Категорија:Зборови што ги нема во ТРМЈ