Гителде () — село и поранешна општина во округот Остероде, во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија. Од 1 март 2013 година е дел од општината Бад Грунд.

Историја

Гителде било создадено во век. Во документ кој потекнува од 953 година, местото било запишано по првпат, а неколку години подоцна му биле доделени пазарни и ковачки права во 965 година.Josef Walz: Der Harz, p. 304. Köln 1995

Знаменитости

Постојат бројни добро зачувани куќи изградени во фахверк во средиштето на градот.

Црквата „Св. Маврициј“, која била изградена во средниот век, има неороманескнен наос кој потекнува од век. Нејзината камбанарија била изградена во барокен стил околу 1700 година. Во црквата има готски олтар со дрвени резби.G. Ulrich Großmann: Hannover und Südniedersachsen, p. 189. Köln 1999 Црквата „Св. Јован“ која веројатно била изградена во век има камбанарија која потекнува од 1660 година.Josef Walz: Der Harz, p. 305. Köln 1995

Железничката станица во Гителде на линијата Херцберг-Зезен е историска дрвена градба во југоисточниот дел на селото.

Урнатините на замокот Штауфенбург (Stauffenburg) се вредни за посета. Замокот бил основан кратко по 1050 година. Бил користен како затвор до 1778 година и како каменолом потоа.G. Ulrich Großmann: Hannover und Südniedersachsen, p. 190. Köln 1999

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Поранешни општини во Долна Саксонија Категорија:Бад Грунд