Мајкл Вудс (; р. во ) — канадски професионален друмски велосипедист, кој вози за UCI World Tour екипата .
Кариера Атлетика
Прв спорт на Вудс бил хокејот на мраз и неговата детска амбиција била да игра како лево крило за Торонто мејпл лифс. Пред да стане велосипедист, Вудс бил ветувачки тркач на средна далечина, поставувајќи национални јуниорски рекорд на една милја и 3000 метри во 2005 година, а во 2005 година го освоил и златниот медал на 1500 метри на Панамериканското јуниорско атлетско првенство. Меѓутоа, се здобил со фрактура на неговото лево стапало, настаната од честите тренинзи и трчање, што го принудило да се повлече од трчањето во 2007 година. Вудс бил подложен двапати на операција со цел да го реши проблемот, но без успех. Првично започнал со велосипедизам како тренинг пред пријателите да го натераат да настапи на трки.
Вудс го посетувал Мичигенскиот универзитет со стипендија како атлетски тркач, дипломирајќи во 2008 година.
Велосипедизам
Вудс започнал со велосипедизам професионално со во 2013 година.
На 20 август 2015 година било објавено дека Вудс ќе се приклучи на за сезоната 2016.
Во 2016 бил официјален дел од канадската делегација на Летните олимписки игри. Бил именуван во почетниот состав за Џиро д’Италија 2017. Завршил на 38. место на Џиро 2017, негова прва голема трка, освојувајќи две петти места и помагајќи му на колегата Пјер Ролан за победана етапа. Подоцна бил именуван во почетниот состав за Вуелта а Еспања 2017, со што ја завршил својата втора голема трка, на седмото место.http://www.procyclingstats.com/rider/michael-woods
Во 2018 година, Вудс го забележал како што самиот го опишал „најдобриот резултат во мојата кариера“, завршувајќи втор на трката Лиеж-Бастоњ-Лиеж. Во септември 2018 година, Вудс ја освоил етапата 17 на Вуелта а Еспања, која завршувала на стрмно искачување. На 30 септември, Вудс завршил трет на Светското друмско првенство во Инсбрук, Австрија; прв Канаѓанец со подиум по Стив Бауер во 1984 година.
Во јули 2019 година бил вклучен во почетниот состав за Тур де Франс 2019. Во октомври 2019 година ја освоил најстарата класична трка, 100. издание на Милано-Торино.
Достигнувања
2013 9. Краен пласман Тур де Бос 2014 6. Краен пласман Тур де Бос 2015 1. Класика Луле 2. Краен пласман Трка околу Јута 1. Етапа 5 4. Краен пласман Трка Џила 1. Етапа 5 10. Краен пласман Трка околу Алберта 1. 20п Пласман за канадски возач 2016 2. Милано-Торино 5. Краен пласман Тур Даун Андер 2017 2. ГП Мигел Индураин 7. Краен пласман Вуелта а Еспања 9. Лиеж-Бастоњ-Лиеж 2018 1. Етапа 17 Вуелта а Еспања 2. Лиеж-Бастоњ-Лиеж 3. 15п Светско друмско првенство 4. Џиро дел’Емилија 4. Тре Вали Варезине 9. Краен пласман Трка околу Јута 2019 1. Милано-Торино 2. Џиро дел’Емилија 2. Јапонски куп 3. Краен пласман Хералд Сан Тур 1. Етапа 2 5. Џиро ди Ломбардија 5. Лиеж-Бастоњ-Лиеж 6. Краен пласман Волта а Каталуња 7. Краен пласман Тур Даун Андер 8. ГП Монтреал 9. Класика де Сан Себастијан 10. Краен пласман Тур де Романди
Распоред на резултатите на етапните трки
Распоред на резултатите на големите трки Голема трка2016201720182019 20п Џиро—3819— 20п Тур———32 20п Вуелта—734—Распоред на резултатите на етапните тркиЕтапна трка2016201720182019 Париз-Ница—54—— Тирено-Адријатико———— Волта а Каталуња1837796 Трка околу Баскија531229— Тур де Романди———10 Критериум ди Дофине———СО Тур де Свис—26——
Распоред на резултатите на класиците
Монумент2016201720182019Милано-Санремо————Трка околу Фландрија————Париз-Рубе————Лиеж-Бастоњ-Лиеж—925Џиро ди Ломбардија31—135 Класик2016201720182019Амстел Голд Рејс ——2068Флеш Валон12113355Класика де Сан Себастијан61——9Гран при Квебек27——17Гран при Монтреал30——8
СО = се откажал; — = не учествувал
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Родени во 1986 година Категорија:Живи луѓе Категорија:Канадски велосипедисти Категорија:Луѓе од Отава Категорија:Велосипедисти на Летните олимписки игри 2016 Категорија:Олимписки велосипедисти на Канада Категорија:Канадски етапни победници на Вуелта а Еспања Категорија:Велосипедисти на Летните олимписки игри 2020