Остероде (; службено наречен Остероде на Харц) — град во округот Гетинген. Градот се наоѓа во југоисточниот дел на сојузната покраина Долна Саксонија, сместен на југозападните падини на планинскиот масив Харц. Низ градот поминува германскиот пат на фахверк.
Остероде на Харц бил окружен град до 1 ноември 2016 година, но истоимениот округ бил споен со округот Гетинген.
Географија Местоположба
мини|Поглед од далечина на Остероде мини|десно|Корнмаркт („житниот пазар“) во Остероде мини|Црква „Св. Егидин“ мини|Црква „Св. Јаков“ мини|Руини од замокот во Остероде мини|десно|Старото Градско собрание
Градот Остероде се наоѓа во долина помеѓу планинскиот масив Харц и околните ридови. Во југоисточниот дел на градот се наоѓаат бројни природни и вештачки езера.
Низ градот тече реката Зезе, која истекува на пет километри пред градот од браната „Зезе“. Браната била изградена во 1931 година, а езерото има зафатнина од 25,5 милиони м³; преку водостопанството „Харц“ се пренесува питка вода за Бремен. Во Остероде се влева Апенке во Зезе.
Градски единици
Кон градот Остероде припаѓаат следниве места:
Дорсте (1.505 жители) Дина (126 жители) Ферсте/Нинштет со единиците Ферсте (1.893 жители) и Нинштет (442 жители) Фрајхајт (1.878 жители) Ласфелде/Петерсхите/Каценштајн со единиците Ласфелде (1.212 жители), Петерсхите (745 жители) и Каценштајн (1.121 жител) Лербах (990 жители) Марке (123 жители) Кернштат („Градско јадро“) (10.243 жители) Рифенсбек-Камшлакен (270 жители) Швигерсхаузен (1.666 жители) Ирде (103 жители)
(состојба: 1 јули 2012http://www.osterode.de/leben-in-osterode/ortschaften/ Места на градот Остероде)
Клима
Политика Градски совет
Градскиот совет на Остероде се состои од 34 членови. На изборите во 2011 година биле избрани членовите на Советот од следниве политички партии:
SPD: 18 CDU: 11 Зелените: 4 FDP: 1
Градоначалник
Клаус Бекер е градоначалник на Остероде од 1 јуни 2004 година. Настапува како слободен кандидат.
Збратимени градови
Остероде е збратимен со следниве градови:
Армантјер, Франција (еден од мостовите над Зезе е наречен „Армантјер“). Оструда, Полска, порано со ист назив „Остероде“ во поранешната германска територија Источна Прусија (во градот постои камен со натпис: „Уште 826 километри до Остероде/Источна Прусија“) Скарборо, Обединето Кралство
Култура и знаменитости Музеи
Музејот во Ритерхаус прикажува документи од историјата на Остероде од средниот век до поново време, како и повремени изложби.
Пештерата Лихтенштајн е археолошко наоѓалиште близу Дорсте, во западниот дел на Остероде. Двајца жители на селото Нинштет на Харц, 2 километри северно од пештерата имаат иста ретка ДНК како таа што е пронајдена во скелетот на човекот чии коски се пронајдени во пештерата Лихтенштајн кои птекнуваат околу 1000 година пред нашата ера.ABC News: Two Men Are Related Through Cavemen
Архитектура
Во близина на Остероде постојат неколку руини на замоци и замокот „Лихтенштајн“ помеѓу Дорсте и Ферсте.
Градскиот амбар изграден помеѓу 1719 и 1722 година е една од најубавите градби, кој бил изграден со цел да ги снабдува рударските села во Горен Харц со жито. Денес, по сеопфатна обнова, претставува Градско собрание.
Рекреација
Остероде е почетната точка на 100-километарската патека низ Харц „Хексенштиг“, планинарска патека до градот Тале.
Сообраќај
Сојузниот автопат Б243 е главната западна врска помеѓу северниот и јужниот дел на областа Харц. Автопатот Б241 и Б498 го поврзуваат Золинг со источен Харц.
Остероде се наоѓа на железничката линија Херцберг–Зезен, со врски до Брауншвајг. Во ноември 2004 година, градот добил две нови станици со цена од околу 1 милион евра, заменувајќи ги двете претходни стојалишта и обезбедувајќи полесен пристап до јавниот превоз.
Познати луѓе
Тилман Рименшнајдер (1460–1531) — вајар и уметник Андреас Клудиј (1555–1624) — правник и професор Џорџ Вилијам Алберти (1723-1758) — есеист Паул Хомајер (1853–1908) — концертен оргулар Фриц Јорнс (1837–1910) — пратеник Ото Вернике (1893–1965) — глумец Петер Петруш (р. 1944) — оперски баритон Ренате Креснер (р. 1945) — глумец Регина Зерингер (р. 1949) — политичар (CDU) Улрих Шрајбер (р. 1956) — геолог, професор и писател Петра Емерих-Копач (р. 1960) — политичар (SPD) Марко Боде (р. 1969) — фудбалер
Наводи
Надворешни врски
Историјата на градот
Категорија:Градови во Харц Категорија:Гетинген (округ)